Брага
Брага (португалски: Braga) е трет по големина и значење град во Португалија, сместен во северозападниот дел. Градот е седиште на истоимениот округ Брага, како и историската област Мињо.
Брага | |||
---|---|---|---|
општина | |||
Од лево кон десно: Светилиштето „Добриот Исус“, Катедралата во Брага, панорама, Плоштадот, Зградата на општината. Брага е позната како Португалски Рим (Roma Portuguesa). | |||
Земја | Португалија | ||
Област | северна | ||
Подобласт | Кавадо | ||
Меѓуопшт. заедница | Кавадо | ||
Округ | Брага | ||
Околии | 37, види во текстот | ||
Управа | |||
• Претседател | Рикардо Рио (ПСД) | ||
Површина | |||
• Вкупна | 183,40 км2 (7,080 ми2) | ||
Надм. вис. | 200 м | ||
Најг. вис. | 558 м | ||
Население (2011) | |||
• Вкупно | 192,494 | ||
• Густина | 0,010/км2 (0,027/ми2) | ||
Час. појас | WET/WEST (UTC 0/ 1) | ||
Пошт. бр. | 470x | ||
Повик. бр. | 253 | ||
Координати | 41°33′4″N 8°25′42″W / 41.55111° СГШ; 8.42833° ЗГД | ||
Мреж. место | cm-braga.pt |
Брага е истовремено едан од најстарите градови и едeн од најсовремените градови во Португалија, со најбрз раст и стопански развој. Градот има 192.494 жители (во 2011),[1] со што претставува седмата најголема општина во Португалија. Областа се протега на 183,40;км2.[2]
Историја
уредиГрадот има долга историја, а одредена област била населена уште од праисторијата. Тогаш во оваа област живело племето Бракари (од каде потекнува името на градот). Во 136 година п.н.е. подрачјето го поседувал Стариот Рим. За време на Римјаните, во 20 година п.н.е., на тоа место бил изграден градот посветен на Октавијан Август, наречен Bracara Augusta, кој тогаш бил седиштето на денешната област Галисија. Кога градот припаѓал на Рим, градот бил многу развиен и голем за тогашното време. Во 4 век тука била основана првата рано христијанска архиепископија на подрaчјето на денешната Португалија.
Во првите векови од средниот век дошло до промени во тој дел од Пиринејскиот Полуостров, па со градот и околината владеело прво германското племе Свеви. Во 410 година, Свевите создале свое кралство во северозападниот дел од полуостровот, односно во областа која денес спаѓа во северниот дел од Португалија.[3] Ова кралство траело повеќе од 150 години.
Околу 584 година, Визиготите ја презеле контролата врз Галисија од Свевите, додека за време на арапското освојување на Пиринејскиот Полуостров не е сосема јасно како се случил падот на градот. Маврите го зазеле градот на почетокот на 8 век, а потоа биле избркани од страна на христијанските сили предводени од Алфонсо III од Астурија во 868 година. Наизменични напади имало сè до 1040 година, кога со градот завладеал Фернандо I од Леон. Епископијата била обновена во 1070 година, кога првиот епископ Педро (Петар), започнал со обнова на катедралата.
Брага е во составот на Португалија, од нејзиното основање во 1147 година. Следените векови поминале мирно, а во таа доба најзначјните настани биле поврзани со црквата.
Градот немал многу полза од португалските поморски откритија и колонизацијата на Бразил, како и од градовите на југ. Во 18 век Брага доживува процвет, кога се граделе многу цркви и други градби. Меѓутоа, на почеткот на 19 век дошло до краткотрајна окупација на градот од страна на Наполеон I Бонапарт.
Во XX век градот се развивал како еден од главните градски центри на Португалија. Во 1973 година во градот е основан универзитет.
Географија
уредиГрадот Брага се наоѓа во северозападниот дел на Португалија. Од главниот град Лисабон градот е оддалечен 370 километри северно, а од Порто е оддалечен 55 километари североисточно.
Релјеф
уредиБрага се наоѓа на ридско подрачје на северозападниот дел од Пиринејскиот Полуостров, познат како Мињо, што ги поврзува исток и запад. Подрачјето е плодно и густо населено. Надморската височина на градот е околу 180 m. Брага се наоѓа на површина од 183,40;км2.[2]
Топографијата во општината има неправилни долини, прошарани со планини и реки. Брага не лежи ни на една река, ама северно од градот тече реката Кавадо.
Клима
уредиКлимата во Брага е блага умереноконтинентална клима со значајно влијание од Атлантикот и Голфската струја (големи количества на врнежи).
Климатски податоци за Braga (1981–2010 normals; extremes 1941-2006) | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 24.0 (75.2) |
23.5 (74.3) |
29.5 (85.1) |
31.0 (87.8) |
35.5 (95.9) |
38.5 (101.3) |
38.5 (101.3) |
42.2 (108) |
38.5 (101.3) |
33.3 (91.9) |
28.5 (83.3) |
24.1 (75.4) |
39.5 (103.1) |
Прос. висока °C (°F) | 13.7 (56.7) |
14.8 (58.6) |
17.6 (63.7) |
18.3 (64.9) |
21.1 (70) |
25.4 (77.7) |
27.8 (82) |
28.0 (82.4) |
25.5 (77.9) |
20.9 (69.6) |
16.8 (62.2) |
14.4 (57.9) |
20.3 (68.5) |
Сред. дневна °C (°F) | 9.0 (48.2) |
9.9 (49.8) |
12.3 (54.1) |
13.2 (55.8) |
15.8 (60.4) |
19.5 (67.1) |
21.4 (70.5) |
21.4 (70.5) |
19.4 (66.9) |
15.9 (60.6) |
12.3 (54.1) |
10.2 (50.4) |
15.0 (59) |
Прос. ниска °C (°F) | 4.3 (39.7) |
4.9 (40.8) |
7.0 (44.6) |
7.9 (46.2) |
10.4 (50.7) |
13.5 (56.3) |
14.9 (58.8) |
14.7 (58.5) |
13.2 (55.8) |
10.8 (51.4) |
7.7 (45.9) |
6.0 (42.8) |
9.6 (49.3) |
Најниска забележана °C (°F) | −6.3 (20.7) |
−4.5 (23.9) |
−5.0 (23) |
−1.2 (29.8) |
−0.5 (31.1) |
3.3 (37.9) |
7.5 (45.5) |
6.7 (44.1) |
3.8 (38.8) |
2.5 (36.5) |
−1.7 (28.9) |
−2.5 (27.5) |
−6.3 (20.7) |
Прос. врнежи мм (ин) | 176.4 (6.945) |
114.8 (4.52) |
121.6 (4.787) |
130.8 (5.15) |
112.9 (4.445) |
48.6 (1.913) |
22.0 (0.866) |
34.0 (1.339) |
81.7 (3.217) |
191.7 (7.547) |
193.9 (7.634) |
220.2 (8.669) |
1.448,6 (57,031) |
Прос. бр. врнежливи денови | 14.8 | 13.5 | 12.2 | 13.5 | 13.4 | 8.2 | 5.4 | 4.7 | 7.4 | 12.7 | 13.1 | 15.5 | 134.4 |
Извор: Instituto de Meteorologia, IP Portugal[4] |
Население
уредиСпоред последните проценки од 2011 година општината Брага има 181.474 жители, од кои околу 175 илјади живеат на градското подрачје. Меѓутоа, со приградското население градот е значајно поголем - околу 830 илјади жители. Градот е густо населен, со околу 962 жители на километар квадратен.[5]
Во Брага живеат приближно 78.954 мажи и 85.238 жени, а 35% од населението се помлади од 25 години.[5] Во најголем дел жителите се Португалци, но живеат и Бразилци, Африканци, Кинези и Украинци.[5]
Година | Нас. | ±% |
---|---|---|
1849 | 40.004 | — |
1900 | 58.339 | 45.8% |
1911 | 60.836 | 4.3% |
1920 | 57.019 | −6.3% |
1930 | 60.761 | 6.6% |
1940 | 75.846 | 24.8% |
1950 | 84.142 | 10.9% |
1960 | 92.938 | 10.5% |
1970 | 96.220 | 3.5% |
1981 | 125.472 | 30.4% |
1991 | 141.256 | 12.6% |
2001 | 164.192 | 16.2% |
2011 | 181.474 | 10.5% |
Партнерски градови
уредиБрага е побратимена со:[6]
Галерија
уреди-
Градска куќа во Брага
-
Градска соборна црква
-
Музеј Ногуера
-
Градски театар
Наводи
уреди- ↑ „Statistics Portugal“. www.ine.pt. Посетено на 27 March 2018.
- ↑ 2,0 2,1 Eurostat Архивирано на 6 септември 2014 г.
- ↑ Thompson, 153–154.
- ↑ „Normals Climatológicas“. Instituto de Meteorologia, IP Portugal. Посетено на 25 March 2015.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Census de 1991, 2001 e Território em números de 2004 (португалски), Lisbon, Portugal: INE - Instituto Nacional de Estatistica, 2004, Посетено на 24 March 2012
- ↑ „Geminações de Cidades e Vilas“ (португалски). Associação Nacional de Municípios Portugueses. Архивирано од изворникот на 2011-12-11. Посетено на 2015-02-11.
- ↑ „National Commission for Decentralised cooperation“. Délégation pour l’Action Extérieure des Collectivités Territoriales (Ministère des Affaires étrangères) (француски). Архивирано од изворникот на 4 October 2013. Посетено на 26 December 2013.
- ↑ „Puteaux - Qu'est-ce que le jumelage?“. Mairie de Puteaux [Puteaux Official Website] (француски). Архивирано од изворникот на 26 November 2013. Посетено на 28 December 2013.
Надворешни врски
уреди„Брага“ на Ризницата ? |
- Информации за Брага
- Водич за Брага Архивирано на 7 февруари 2015 г.
- Портал Брага Архивирано на 13 декември 2006 г.
- Виртуелен приказ на Брага
- Автостоперски водич низ Брага