Боб Јунгелс

луксембуршки велосипедист

Боб Јунгелс (луксембуршки: Bob Jungels; р. 22 септември 1992) — луксембуршки професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Судал Квик-Степ.[1]

Боб Јунгелс
Јунгелс на Тур де Франс 2015
Лични податоци
Цело имеБоб Јунгелс
ПрекарБоби
Роден22 септември 1992(1992-09-22)(32 г.)
Луксембург,  Луксембург
Висина1,89 м
Маса70 кг
Податоци за клубот
Мом. клубСудал Квик-Степ
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за хронометри
Аматерски клубови
2011 УК Дипах
Професионални клубови
2012

2013–2015
2016-
Леопард-Трек Континентал Тим
РадиоШек-Леопард
Етикс-Квик Степ
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
Пласман за млад возач (2016, 2017)
1 поединечна етапа (2017)

Еднодневни трки и класици

Светски хронометарски првак (2016)
Национален хронометарски првак (2013, 2015, 2016, 2018)
Национален друмски првак (2013, 2015, 2016, 2017, 2018)
Лиеж-Бастоњ-Лиеж (2018)
Курне-Брисел-Курне (2019)
Последна промена
7 април 2019

Кариера

уреди

Бил вклучен во почетниот состав на екипата за Тур де Франс 2015, кога настапил по првпат.[2] Јунгелс го завршил Тур како 27. во генералниот пласман и петти во пласманот за млад возач.

Јунгелс потпишал за Судал Квик-Степ за сезоните 2016 и 2017,[3] претходно настапувајќи за екипата Трек Фактори Рејсинг.[4] Бил вклучен во почетниот состав за Џиро д’Италија 2016, каде завршил шести и го освоил пласманот за млад возач.[5] Во 2017 година ги потврдил амбициите за генералниот пласман со 8. место на Џиро д’Италија. Исто така, го одбранил пласманот за млад возач од претходното издание. Само Владимир Пулников и Павел Тонков го освоиле пласманот последователно пред него. Воедно, ја освоил етапата 15 и со тоа станал првиот Луксембуржанец во 56 години ја победил на Џиро д’Италија.[6]

Во 2018 година, Јунгелс ја освоил Лиеж-Бастоњ-Лиеж откако нападнал сам на Кот де ла Рош о Фокон.

Достигнувања

уреди
2009
1.   Национално јуниорско друмско првенство
1.   Национално јуниорско хронометарско првенство
1.   Национално јуниорско велокрос првенство
2.   Европско јуниорско хронометарско првенство
2. Краен пласман ГП Рибиланд
4. Краен пласман Тур де Лорен
1. Етапа 4 (ITT)
5. Краен пласман Трка околу Франкфурт
1. Етапа 1
2010
1.   Светско јуниорско хронометарско првенство
1.   Национално јуниорско друмско првенство
1.   Национално јуниорско хронометарско првенство
1.   Национално јуниорско велокрос првенство
1. Краен пласман Кејзер дер Јуниорес Коксејде
1. Етапа 1
1. Етапа 2а (ITT)
1. Краен пласман Трка околу Франкфурт
1. Етапа 1 (ITT)
1. Краен пласман Вуелта ал Бесаја
1. Етапа 1
1.   Бодовен пласман
1. Краен пласман ГП Рибиланд
1.   Планински пласман
1.   Бодовен пласман
1. Трка околу Франкфурт
1.   Планински пласман ГП Патон
2. Куритас Класик Дигем
2. Краен пласман Трофео Карлсберг
3. Краен пласман Челинџ де л’Ест
1. Етапа 3 (ТТТ)
3. Краен пласман Трка околу Долна Саксонија
2011
Игри на малите држави во Европа
1.   Друмска трка
1.   Поединечен хронометар
1.   Национално друмско првенство под 23 години
1.   Национално хронометарско првенство под 23 години
1. Амај Хаут
1. ГП Франсоа Фабер
2.   Европско хронометарско првенство под 23 години
2. ГП дес Карелерс
3. Краен пласман Флеш ду Суд
1.   Пласман за млад возач
3. Краен пласман Трка околу Одра
2012
1.   Национално хронометарско првенство под 23 години
1. Краен пласман Флеш ду Суд
1.   Пласман за млад возач
1. Етапа 4 (ITT)
1. Краен пласман Триптих на планините и замоците
1.   Бодовен пласман
1.   Спринтерски пласман
1. Париз-Рубе за млади
1. Етапа 4 Џиро дела Вале д’Аоста
2.   Европско хронометарско првенство под 23 години
2. Краен пласман Џиро дел Фриули Венеција Џулија
1.   Пласман за млад возач
2. Ла Кот Пикард
8. Краен пласман Тоскана-Тера ди сиклисмо
9. Краен пласман Трка околу Луксембург
2013
1.   Национално друмско првенство
1.   Национално хронометарско првенство
1. Гран Премио Нобили Рубинетери
5. Краен пласман Трка околу Луксембург
1. Етапа 4
2014
9. Краен пласман Критериум Интернасионал
  Награда за борбеност на етапа 17 на Вуелта а Еспања
2015
1.   Краен пласман Етоал де Бесеже
1. Етапа 5
1.   Национално хронометарско првенство
1.   Национално друмско првенство
6. Краен пласман Тур де Свис
10. Краен пласман Вуелта а Андалусија
2016
Светски првенства
1. Екипен хронометар
10. Поединечен хронометар
1.   Национално друмско првенство
1.   Национално хронометарско првенство
1. Етапа 1 Трка околу Оман
3. Краен пласман Тирено-Адријатико
1.   Пласман за млад возач
6. Краен пласман Џиро д’Италија
1.   Пласман за млад возач
10. Краен пласман Енеко Тур
2017
Национални првенства
1.   Друмска трка
2. Хронометар
1.   Пласман за млад возач Тирено-Адријатико
8. Краен пласман Џиро д’Италија
1.   Пласман за млад возач
1. Етапа 15
8. Краен пласман Тур де Романди
2018
1.   Светско првенство во екипен хронометар
Национални првенства
1.   Друмска трка
1.   Хронометар
1. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
1. Пролог Околу Словачка
3. Класик Ла Дром
5. Краен пласман Волта ао Алгарве
5. Краен пласман Трка околу Британија
7. Вуелта а Мурсија
2019
1. Курне-Брисел-Курне
1. Етапа 4 Трка околу Колумбија
3. Дварс дор Вландерен
5. Е3 Бинкбенк Класик
8. Краен пласман Париз-Ница

Распоред на резултатите

уреди
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2014 2015 2016 2017 2018 2019
  Џиро 6 8
  Тур 27 11
  Вуелта СО 42
Распоред на резултатите на етапните трки
Етапна трка 2014 2015 2016 2017 2018 2019
  Париз-Ница 18 23 8
  Тирено-Адријатико 3 14 11
  Волта а Каталуња 24
  Трка околу Баскија 57 31
  Тур де Романди СО 8
  Критериум ди Дофине 86 25
  Тур де Свис 6

Распоред на резултатите на класиците

уреди
Распоред на резултатите на монументите
Монумент 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Милано-Санремо 87
Трка околу Фландрија
Париз-Рубе 84
Лиеж-Бастоњ-Лиеж 62 82 1
Џиро ди Ломбардија СО СО
Распоред на резултатите на класиците
Класици 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Омлоп Хет Ниусблад 16
Курне-Брисел-Курне 1
Страде Бјанке 17 СО
Е3 Харелбеке 5
Дварс дор Вландерен СО 3
Амстел Голд Рејс 38 23 43 39 33
Флеш Валон 143 СО 66 39 41
Класика де Сан Себастијан 16 84 52

СО = се откажал; — = не учествувал

Награди

уреди
  • Награда за најдобар млад спортист во Луксембург (2010)[7]

Наводи

уреди
  1. Торего, Хосе Марија (23 декември 2018). „El Deceuninck Quick Step busca no sucumbir del cetro mundial del ciclismo en 2019“ [The Deceuninck Quick Step seeks not to succumb from the cycling world title in 2019]. La Guía del Ciclismo (шпански). Digipress Ibérica SL. Архивирано од изворникот на 2019-04-12. Посетено на 2 јануари 2019.
  2. „Почетен список за Тур де Франс 2015“. Velo News. Архивирано од изворникот на 2015-06-29. Посетено на 2 јули 2015.
  3. http://www.cyclingnews.com/news/jungels-signs-with-etixx-quickstep/
  4. „РадиоШек-Леопард (RLT) – ЛУК“. Светска турнеја на UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Посетено на 10 јануари 2013.
  5. „99th Giro d'Italia Startlist“. Pro Cycling Stats. Посетено на 6 мај 2016.
  6. „Gaviria and Jungels headline Quick-Step Floors' Giro d'Italia success“. Cyclingnews. Посетено на 29 мај 2017.
  7. [1] Архивирано на 13 декември 2010 г. (француски)

Надворешни врски

уреди