Блуз-рок
Блуз-рок — музички жанр создаден со комбинација на блузерски импровизации во 12-bar созвучјата и рокенрол-стилови. Јадрото на блуз-рок звукот е создадено од електрична гитара, бас-гитара и тапани.
Блуз рок | |
---|---|
Стилско потекло: | Електричен блуз Британски блуз Рокенрол |
Културно потекло: | Средината на 1960те, ОК, САД |
Својствени инструменти: | Електрична гитара, бас гитара, тапани, вокали, Хамонд орган, пијано, хармоника |
Популарен: | Врвот го достигнува во 1960те и 1970те. |
Произлезени форми: | Хеви метал[1][2] - Хард-рок - Буги рок |
Овој стил почнал да се равива во средината на 1960ите во Англија и САД, како што Пјеро Скаруфи го нарече, „жанр од ритам и блуз свирен од белите европски музичари“.[3] Бендовите во ОК како што се The Who, The Yardbirds, Led Zeppelin, The Animals, Fleetwood, Cream и The Rolling Stones експериментирале со музиката на старите американски блузери како Ховлин Вулф, Роберт Џонсон, Џими Рид, Мади Вотерс и Би Би Кинг.[4] While the early blues-rock bands "attempted to play long, involved improvisations which were commonplace on jazz records",[4] Додека раните блуз-рок бендови претпочитаа да свират долги песни кои вклучуваат импровизации, а тоа беше карактеристично за џезот, во почетокот на 1970-те линијата помеѓу хард рокот и блуз-рок беше одвај видлива, поради тоа што бендовите почнаа да снимаат албуми во рок стил.[4] Во 1980ите и 1990ите, блуз-рокот се вратил на неговите блузерски корени покрај што некои од познатите, како што се Fabulous Thunderbirds и Стиви Реи Вон, станаа рок ѕвезди.[4]
Особености
уредиБлуз-рокот може да се опише како блуз импровизации, 12-bar блузот, со проширени импровизациски делови кои се повторуваат (за кои не постоело никаква подготовка) најчесто фокусирани на свирачот на електричната гитара. Чувствата кои се изразуваат во песните можат да се пронајдат во традиционалниот Чикаго блуз стил.[4]
Инструменти
уредиОсновата на блуз-рок звукот е создадена од електрична гитара, бас гитара и тапани. Електричната гитара, најчесто е засилена преку засилувач на гитари или пак со ефектот на дисторзија. Многу често, две гитари свират во блуз-рок бендовите – едната ги свири придружните рифови и созвучја на ритмичката гитара а другата ги свири мелодичните звуци и сола на делот на водечката гитара.[4]
Иако во 1950-те, блуз-бендовите понекогаш користеа контрабас, блуз-рок бендовите од 1960ите го користеа електричниот бас, чие подесување на високо ниво беше многу полесно. Клавијатурните инструменти како што е пијаното и Хамонд орган исто така се употребуваат. Како и кај електричната гитара, звукот на Хамонд органот е типично засилен со цевкастиот засилувач кој на Хамонд органот му дава специфичен звук. Вокалистите често се вклучени во водечка улога.
Структура
уредиБлуз-рок деловите се засновани на 12-bar блуз-структурата, но често следат и поинакви структури, како што може да се види во „Stormy Monday“, каде што е претставен генералниот формат на 12-bar блуз, но кој the Allman Brothers го свиреа со променети созвучја:
G9 | C9 | G9 | G9 | C9 | C9 | G9 / A minor7 | B minor7 / B♭7 | A minor7 | A♭ major7 | G9 / C9 | G9 / D augmented
... наместо традиционалната | C | G | G | C | C | G | G | D | C | G | G прогресија. Прогресијата е обично повторувана, со само една секција од песната, иако постојат исклучоци, а некои делови ја имаат и „B“ секцијата. Класични примери за блуз-рок-музиката се „Crossroads“ на Ерик Клептон, најпрво издадена во албумот на Cream, „Wheels of Fire“. Беше адаптирана од „Cross Road Blues“ и „Traveling Riverside Blues“ на Роберт Џонсон.
Историја
уредиДодека рокот и блузот секогаш биле историски близу обележувани, блуз-рокот е силно препознатлив жанр кој не се популаризирал сè до доцните 1960-ти. Во 1963 година, американскиот гитарист Лони Мак разви еден стил на гитара кој беше идентичен со блуз-рокот. Истата година тој издаде неколку долги инструменталки на рок гитара кој беа цврсто засновани во блузот, меѓу кои најпознати се хит синглот „Memphis“ (#5) и „Wham!“ (#24).[5] Како и да е, блуз-рокот не се сметаше за различно движење од рокот, но неколку години подоцна со напредокот на Британските бендови како Free, Savoy Brown и раните инкарнации од Fleetwood Mac чии членови ги „разделија“ своите вештини на голем број бендови, посебно оние на Џон Меиал и Алексис Корнер.[6] Други американски свирачи и бендови кои се сметаат за блуз-рок пионери се Џони Винтер, Пол Батерфилд и бендот Canned Heat.
Музичлкиот критичар, Пјеро Скаруфи, аргументирал дека блуз-рок жанрот бил дефинирам кога Џон Меиал го издал албумот „Blues Breakers with Eric Clapton“ во 1996, во кој е вклучен гитаристот Ерик Клептон. Скаруфи го дефинира блуз-рокот како „жанр од ритаменблуз свирен од европските музичари“. Скаруфи тврди дека во САД, еквивалентен на Џон Меиал бил Ал Купер. Cream „го одведоа спојот на блузот и рокот на места каде што никогаш порани не бил“ со ангажирање на „одредено ниво на групна импроцизација која беше достојна на џезот“.[7] Скаруфи не се сложува со тоа дека британските музичари се вистинските иноватори, тој вели дека тие направиле „метаморфоза“ на американскиот блуз и „го претвориле во бела музика“ забрзувајќи го „Чикаго ритамот на гитара“.[8] Електричната гитара свирена од Џими Хендрикс и неговите моќни триа, The Jimi Hendrix Experience и Band of Gypsys, доведоа до значаен напредок на блуз-рокот, особено за гитаристите.[6] Ерик Клептон е уште еден гитарист со трајно влијание на блуз-рок-музиката; неговата работа во 1960ите и 1970ите со Џон Меиал и the Bluesbreakers, The Yardbirds, супергрупите Blind Faith, Cream и Derek and the Dominos и интензивната соло кариера имаа круцијално влијание во усогласувањето на блуз-рок-музиката со веќе познатите жанрови.[6]
Во доцните 1960и, Џеф Бек, поранешен член на The Yardbirds, го трансформирал блуз-рокот во форма на хеви рок со неговиот бенд The Jeff Beck Group.[6] Џими Пејџ го оформил бендот The New Yardbirds, подоцна познат како Led Zeppelin, кој ќе стане голема сила во 1970ите на хеви метал сцените.[6] Австралискиот бенд AC/DC исто така бил под влијание на блуз-рокот. Други муичари кој подлежеле на влијанието на блуз-рокот се Рори Галагер и Робин Тровер. Почнувајќи во раните 1970и, американски бендови како што е Aerosmith го претопиле блузот во хард рок. Блуз-рокот вклучувал бендови како the Allman Brothers Band, ZZ Top и Lynyrd Skynyrd, додека британската сцена ги вклучувала бендовите како Status Quo и Foghat, кои подоцна се фокусирале на иновацијата на хеви маталот.[9] Блуз-рокот доживеа препородување во раните 1990и – 2000и со голем број на артисти како Гери Мур, The White Stripers, The Dead Weather, Them Crooked Vultures, Џон Маер, The Black Crowes, The Black Keys, Џеф Хеили, Clutch, The Jon Spencer Blues Explosion и Џо Бонамаса.
Наводи
уреди- ↑ Weinstein, Deena. Heavy Metal: The Music and its Culture. DaCapo, 2000. ISBN 0-306-80970-2, pg. 14.
- ↑ Christe, Ian. Sound of the Beast. Allison & Busby. стр. 1. ISBN 0749083514.
- ↑ P. Scaruffi, "A History of Rock and Dance Music", http://www.scaruffi.com/history/cpt22.html, accessed 23/06/09.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 "Blues-rock," Allmusic.com (Accessed September 29, 2006), <http://allmusic.com/cg/amg.dll?p=amg&sql=77:50 Архивирано на 28 јуни 2011 г.>
- ↑ P. Prown, H. P. Newquist, J. F. Eiche, Legends of rock guitar: the essential reference of rock's greatest guitarists (Hal Leonard Corporation, 1997), p. 25.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 V. Bogdanov, C. Woodstra, S. T. Erlewine, eds, All Music Guide to the Blues: The Definitive Guide to the Blues (Backbeat, 3rd edn., 2003), pp. 700-2.
- ↑ The History of Rock Music - The Sixties
- ↑ The History of Rock Music. Storia della Musica Rock
- ↑ P. Prown, H. P. Newquist and Jon F. Eiche, Legends of rock guitar: the essential reference of rock's greatest guitarists (Hal Leonard Corporation, 1997), p. 113.
Дополнителна литература
уреди- Bane, Michael. White Boy Singin' the Blues. Penguin, 1982. 270 p. A5, index. ISBN 0-14-006045-6
- Brunning, Bob. Blues : The British Connection. Foreword by Paul Jones. Blandford Press, 1986. 256 p., index. ISBN 0-7137-1836-6. Rev. & upd. ed. in 1995 as Blues in Britain : The history, 1950s-90s (other sub-title : 1950s to the Present), 288 p. ISBN 0-7137-2457-9. Re-publ. w/ original title by Helter Skelter, 2002, 288 p. ISBN 1-900924-41-2
- Fancourt, Leslie. British Blues on Record (1957–1970). Retrack Books, 1989. 62 p. A5.
- Heckstall-Smith, Dick. The Safest Place in the World: A Personal History of British Rhythm and Blues. Preface by Jack Bruce. Quartet, 1989, hb, 178 p. ISBN 0-7043-2696-5. New ed. by Clear Books in 2004, w/ a second part written by Pete Grant, his manager since 2000, now titled as Blowing the blues: Fifty Years Playing the British Blues, w/ a 7-track CD (5 prev. unissued). 256 p. ISBN 1-904555-04-7.
- Hjort, Christopher. Strange Brew: Eric Clapton and the British Blues Boom, 1965-1970. Foreword by John Mayall. Jawbone, 2007. 352 p. ISBN 1-906002-00-2.
- Myers, Paul. Long John Bauldry and the Birth of the British Blues, Greystone Books, 2007, 272 p. ISBN 978-1553652007
- McStravick, Summer; Roos, John (eds); Foreword by Bob Brunning. Blues-Rock Explosion, Old Goat Publishing, 2001. 286 p A4 xxxi, index. ISBN 0-9701332-7-8.
- Schwartz, Roberta Freund. How Britain Got the Blues: The Transmission and Reception of American Blues Style in the United Kingdom. Ashgate (Ashgate Popular and Folk music series), 2007. 282 p., hb.ISBN 0-7546-5580-6.