Бледско Езеро (словенечки: Blejsko jezero; германски: Bleder See, Veldeser See) — ледничко езеро во Јулиските Алпи во регионот Горењска во северозападна Словенија, каде што е сместено гратчето Блед. Езерото се наоѓа во склоп на истоимената Општина Блед. Езерото е 35 км од Меѓународниот аеродром Љубљана и 55 км од главниот град Љубљана. Бледското Езеро е 4,2 км од Железничката станица „Лесце-Блед“.

Бледско Езеро
Blejsko jezero
Поглед на езерото со Бледскиот Остров
ПодрачјеОпштина Блед, Јулиски Алпи
Координати46°21′52″N 14°05′41″E / 46.36444° СГШ; 14.09472° ИГД / 46.36444; 14.09472
Главни приливиПриродни извори, Мишца
Главни истециЈезерница
Сливни земјиСловенија
Најг. должина2120 км
Најг. ширина1380 км
Површина&100000000000000014499991,45 км2
Најг. длабочина29,5 м
Зафатнина0.0257 км3 км3
Надм. височина475 м
ОстровиБледски Остров
Населени местаБлед

Географија и историја

уреди

Езерото е од мешано глацијално и тектонско потекло. Долг е 2,120 м и широко 1,380 м, со максимална длабочина од 29,5 м , и има мал остров. Езерото лежи во живописно опкружување, опкружено со планини и шуми.

Бледското Езеро било важно култно средиште за време на Бронзеното време. Златни украсни предмети кои датираат од 13-12 век п.н.е. биле пронајдени во наоѓалиште покрај брегот на езерото. Се смета дека врежаните украси на предметите ја претставуваат сончевата и месечевата година. Слични предмети биле откриени во Швајцарија, Баварија и Унгарија, главно во населби утврдени во бронзеното време и во гробовите на богатите жени.[1]

Средновековниот Бледски замокот наоѓа над езерото на северниот брег и има музеј.[2] Долината Зака лежи на западниот крај на езерото.

Светското првенство во веслање било одржано на Бледското Езеро во 1966, 1979, 1989 и 2011.[3][4][5][6]

Со векови, Европејците се собираат на брегот на езерото за да уживаат во рекреација, но и во медицински придобивки. Императорот Хајнрих II, владетел на Средновековната Германска Империја, толку многу уживал во езерото што го изградил Бледскиот замок во 1004 година за да го превори како престојувачки имот. Денес замокот е популарна знаменитост.[7]

Бледски Остров

уреди
 
Изгрејсонце над Бледско Езеро. Црквата на Бледскиот Остров има 52 м кула.

Езерото го опкружува Бледскиот Остров (Blejski otok). Островот има неколку градби, а главната е црквата за аџилак посветена на Успение на Богородица (Cerkev Marijinega vnebovzetja), изградена во сегашниот облик кон крајот на 17 век, и украсени со остатоци од готска фреска од околу 1470 година во презвитериумот и богата барокна опремнина.[8]

Црквата има 52 м кула и има барокно скалило кое датира од 1655 година со 99 камени скали кои водат до градбата. Црквата е често посетена и таму редовно се одржуваат свадби. Традиционално се смета за среќа за младоженецот да ја носи својата невеста по скалите на денот на нивната венчавка пред да заѕвони и да направи желба внатре во црквата.

Традиционалниот превоз до Бледскиот Остров е дрвен чамец познат како плетна.[9] Зборот плетна е позајмица од баварскиот збор Plätten (плотен; во превод: „чамец со рамно дно“).[10] Некои извори тврдат дека плетната била користена во езерото уште во 1150 година, но повеќето историчари ги датираат првите чамци во 1590 година.[11] Сличен облик на италијанските гондоли, плетната собира 20 патници. Современите чамци сè уште се изработувани рачно и се препознаваат по разнобојните тенди. Веслачот на плетна ја користи техниката штерудер“ за придвижување и навигација со чамци низ езерото користејќи две весла. Улогата на веслачот датира од 1740 година, кога Марија Терезија им доделила на 22 месни семејства ексклузивни права да ги превезуваат верските аџии преку Бледското Езеро за да се поклонуваат на Бледскиот Остров.[12] The profession is still restricted. Many modern oarsmen descend directly from the original 22 families.[13]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Two appliqués“. National Museum of Slovenia. 2022. These extraordinary appliqués were part of treasures deposited in the Bronze Age as an offering to gods on the shore of Lake Bled. The prestigious gold appliqués also indicate that the lake was an important centre of a cult. ... Similar appliqués have been discovered in Switzerland, Bavaria and Hungary, mainly in Bronze Age fortified settlements and in the graves of wealthy women. ... The ornamentation bears markings of the solar and lunar year.
  2. Lake Bled Castle (https://safarinomad.com/lake-bled-castle/)
  3. „1966 Bled World Rowing Championships - Australian Rowing History“. www.rowinghistory-aus.info. Посетено на 16 февруари 2023.
  4. „1979 Bled World Championships - Australian Rowing History“. 21 октомври 2014. Архивирано од изворникот на 21 октомври 2014. Посетено на 2022-05-25.
  5. „World Rowing - 1989 World Rowing Championships - Blejsko jezero/Bled, Slovenia“. World Rowing (англиски). Посетено на 2022-05-25.[мртва врска]
  6. „2011 World Rowing Championships / Overview - worldrowing.com“. 19 март 2016. Архивирано од изворникот на 19 март 2016. Посетено на 16 февруари 2023.
  7. „All You Need To Know To Visit Bled Castle In Slovenia - Travel Slovenia“. TRAVELSLOVENIA.ORG – All You Need To Know To Visit Slovenia (англиски). Посетено на 16 февруари 2023.
  8. Kermavnar, Simona; Turk, Matija. „Podružnična cerkev Marijinega vnebovzetja na Otoku na Bledu“ [Assumption Chapel of Ease on the Island in Bled]. Во Šmid Hribar, Mateja; Golež, Gregor; Podjed, Dan; Kladnik, Drago; Erhartič, Bojan; Pavlin, Primož; Ines, Jerele (уред.). Enciklopedija naravne in kulturne dediščine na Slovenskem – DEDI [Encyclopedia of Natural and Cultural Heritage in Slovenia] (словенечки). Посетено на 16 февруари 2023.
  9. „The Pletna boat - Bled“. www.bled.si. Посетено на 16 февруари 2023.
  10. Snoj, Marko (2003). Slovenski etimološki slovar (2. изд.). Ljubljana: Modrijan. стр. 527. ISBN 961-6465-37-6.
  11. „The Pletna boat - Bled“. www.bled.si. Посетено на 16 февруари 2023.
  12. Sims, Davy (2018). Bled Slovenia. Firsthand Guides. стр. 137. ISBN 9781977025357.
  13. „The Pletna boat - Bled“. www.bled.si. Посетено на 16 февруари 2023.
  14. „Two appliqués“. National Museum of Slovenia. 2022. These extraordinary appliqués were part of treasures deposited in the Bronze Age as an offering to gods on the shore of Lake Bled. The prestigious gold appliqués also indicate that the lake was an important centre of a cult. ... Similar appliqués have been discovered in Switzerland, Bavaria and Hungary, mainly in Bronze Age fortified settlements and in the graves of wealthy women. ... The ornamentation bears markings of the solar and lunar year.

Надворешни врски

уреди