Луциј Апулеј (латински: Apuleius, 125 - 180) — латински писател, научник, реторичар и маг.

Доцноантичка слика на таван ок. 330 година, веројатно на Апулеј.

Животопис

уреди

Апулеј е роден во градот Мадаур, во денешен Алжир. Во Атина студирал платонистичка философија, а во Рим реторика. Често патувал низ земјите на денешна Италија, Мала Азија и Египет. Освен од традиционалната религија, своите искуства ги црпел и од ориенталните култови на Изида, Митра и Озирис кои ги комбинирал со новопитагорејското учење и со платонскиот спиритуализам. Тој се гордеел со својот почесен назив philosophus Platonicus. Патувајќи во Александрија, се оженил со една богата вдовица, но бил обвинет дека искористил магија за да ја убеди на бракот со него.[1]

Творештво

уреди

Апулеј е најпознат по романот во 11 книги, „Златното магаре“ - единственото целосно сочувано дело на латинската книжевност. Други негови дела се: „Апологија (Беседи за магијата)“ (Apologia (Apulei Platonici pro Se de Magia), „За Платон и неговото учење“ (De Platone et dogmate eius), „За Сократовите богови“ (De Deo Socratis), „Флорида“ (Florida) и „За вселената“ (De Mundo).[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Zlatni magarac - Apulej“, во: Apulej, Zlatni magarac, Dereta, Beograd, 2011, стр. 227.