Апсида (латински: absis - свод, старогрчки: αψίδα - полукруг, арка) — термин во сакралната црковна архитектура која претставува полукружен простор засводен со полукупола или полуцилиндрично просторно проширување на одредена просторија. Апсидата има голема употреба кај верски објекти, најчесто христијански храмови (цркви) и тоа на источната страна, за во него да се смести олтарот и презвитериумот, или местото каде што свештениците седат[1]. Апсидата имала употреба уште во раното христијанство[2]. Освен во христијански, апсидата може да се сретне и во еврејски храмови, како на пример синагогата Маоз Хаим.

Типичен план на катедрала. Апсидата е обележана во потемна боја

Претежно апсидата се однесува и на конхата и нишата заедно и таа е полукружна ниша со симболика на каналот низ кој се раѓа сонцето (источна апсида) и низ кој заоѓа сонцето (западна апсида). Покрај олтарска (источна апсида), постојат и певнички апсиди (јужна и северна). Помали апсиди, исто така, може да бидат и на други местоположби, особено на некои светилишта.[3]. Апсидата е одвоена од главниот дел на црквата преку трансептата[4].

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. T. Poole (1907). „Apse“. Catholic Encyclopedia. New Advent. Архивирано од изворникот на 4 June 2011. Посетено на 3 June 2011.
  2. „Apse“. Encyclopædia Britannica. Архивирано од изворникот на 2015-06-08. Посетено на 10 July 2012.
  3. „Basilica of the National Shrine of the Immaculate Conception: Floor Plan“. nationalshrine.com. Архивирано од изворникот на 2017-08-09. Посетено на 27 August 2016.
  4. Jane Vadnal (January 1998). „transept“. Glossary of Medieval Art and Architecture. University of Pittsburgh. Посетено на 8 January 2013.

Надворешни врски

уреди