Андреј Макин
Андреј Макин (руски: Андрей Серге́евич Макин, 10 септември 1957, Краснојарск, СССР) — француски писател со руско потекло, познат и по псевдонимот Габриел Осмонде.[1]
Андреј Макин | |
---|---|
Роден/а | 10 септември 1957 Краснојарск, Русија |
Занимање | писател |
Државјанство | Французин |
Значајни дела | „Француски завет“, „Музиката на еден живот“ |
Значајни награди | „Гонкур“, „Медиси'“ |
Биографија
уредиАндреј Макин е роден во Краснојарск, СССР, на 10 септември 1957 година, а пораснал во градот Пенза, околу 700 километри југоисточно од Москва[2]. Неговата баба, која имала француско потекло, го научила на францускиот јазик го запознала со француската култура, така што тој почнал да пишува песни и на француски јазик. Во 1987 година станал доктор по филолошки науки на Московскиот универзитет. Во 1987 година заминал во Франција, како член на програмата за размена на наставници и таму добил политички азил.[3] Во Франција, одредено време предавал руски јазик и книжевност.[4][5]
Творештво
уредиМакин се појавил на книжевната сцена во 1990 година, со орманот „Ќерката на херојот на Советскиот Сојуз“. Две години подоцна го објавил романот „Исповед на грешниот бајрактар“, во 1994 година се појавил и романот „Додека тече Амур“.[5] По разочарувачките реакции за неговите први дела, во 1995 година го објавил романот „Францускиот тестамент“ (Le Testament français) кој станал првото дело во историјата кое било наградено со наградите „Гонкур“ и „Медисис“. Во 2001 година започнал да објавува под псевдонимот Габриел Осмонде и под тоа име објавил четири романи, а последниот се појавил во 2011 година. Во француската јавност се кренала прашина околу тоа кој се крие зад псевдонимот,[1] а конечно во 2011 година, еден научник забележал дека книгата 20,000 femmes dans la vie d’un homme е всушност инспирирана од „Францускиот тестамент“, по што Макин потврдил дека тој е авторот.
Макин е добитник на неколку значајни книжевни награди: покрај „Гонкур“ и „Медисис“, во 2001 година ја добил и престижната награда „РТЛ - Лир“ (за романот „Музиката на еден живот“).[5]
Дела
уреди- „Ќерката на херојот на Советскиот Сојуз“ (La Fille d'un héros de l'Union soviétique, 1990)
- „Исповед на грешниот бајрактар“ (Confession d'un porte-drapeau déchu, 1992)
- „Додека тече Амур“ (Au temps du fleuve Amour, 1994)
- „Францускиот тестамент“ (Le Testament français, 1995)
- „Злосторството на Олга Арбелина“ (Le Crime d'Olga Arbelina, 1998)
- „Реквием за Истокот“ (Requiem pour l'Est, 2000)
- „Музиката на еден живот“ (La Musique d'une vie, 2001)
- „Земјата и небото на Жак Дорм“ (La Terre et le ciel de Jacques Dorme, 2003)
- „Жената која чекаше“ (La Femme qui attendait, 2004)
- „Човечка љубов“ (L'Amour humain, 2006)
- Le Monde selon Gabriel, 2007)
- „Животот на непознатиот човек“ (La Vie d'un homme inconnu, 2009)
- Cette France qu'on oublie d'aimer, 2010)
- Le Livre des brèves amours éternelles, 2011)
- Une Femme Aimée, 2013)
Како Габриел Осмонде
- Le Voyage d'une femme qui n'avait plus peur de vieillir 2001
- Les 20 000 Femmes de la vie d'un homme, 2004
- L'Œuvre de l'amour, 2006
- Alternaissance, 2011
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 "Who is Gabriel Osmonde? A French Literary Mystery is Solved", New York Times, April 1, 2011
- ↑ Murielle Lucie Clément. Andreï Makine. Rodopi, 2009. pg. 141
- ↑ Christopher W. Lemelin, "Andrei Makine" in Multicultural Authors Since 1945(Amoia, Alba, and Bettina L Knapp, eds.). Oxford and Westport, Connecticut: Greenwood Press, 2004.
- ↑ "Torn Between Two Languages", Victor Brombert, New York Times, August 17, 1997
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Andrej Makin, Francusko zaveštanje. Beograd: Paidea, 2009.