Адана
Адана (турски: Adana) — град во Средоземниот регион во Турција и главен град на истоимената провинција. Градот се наоѓа на реката Сејхан, која се влева во Средоземно Море, во југо-централна Анадолија. Адана има население од 1.700.000 жители што ја прави петти најнаселен град во Турција додека заедно со провинцијата има население од 3,000,000 жители.
Адана | |
---|---|
Град | |
Местоположба на Адана на картата на Турција | |
Координати: 37°0′N 35°19.28′E / 37.000° СГШ; 35.32133° ИГД | |
Земја | Турција |
Покраина | Адана |
Основање | 6000 п.н.е (8024) |
Incorporated | 1871 (152 ) |
Реони | Сејхан, Јурегир, Чукурова, Сариџам |
Управа | |
• Вид | Градоначалник |
• Орган | Општина Адана |
• Mayor | Хусејин Созлу (МХП) |
Површина | |
• Вкупна | 1.945 км2 (751 ми2) |
Надм. вис. | 23 м |
Население (2015)[1] | 1,717,473 |
• Густина | 883,02/км2 (228,700/ми2) |
Час. појас | EET (UTC 2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC 3) |
Регистарски таблички | 01 |
Мреж. место | http://www.adana.bel.tr |
Адана се наоѓа во центарот на Чукурова, кој ги опфаќа провинциите Мерсин, Адана, Османије и Хатај. Со шест милиони жители[1], областа е една од најгусто населените во Турција.
Потекло на поимот
уредиСпоред гоголемиот број на извори, името Адана е изведено од хетитското Аданија во областа Кисвадна[2], додека други извори тврдат дека тоа е поврзано со легендарниот карактер на Данај, кој го основал грчкиот град Аргос. Во „Илијада“ на Хомер градот бил наречен Адана. Во старогрчкиот период бил познат како Антиохија во Киликија (грчки: Αντιόχεια της Κιλικίας) или Антиохија ад Сарум (Αντιόχεια η προς Σάρον).
Уредниците на „Хелсиншки атлас“ привремено ја идентификуваат Адана како Куе (Quwê), новоасириската престолнина на провинцијата Куе. Името исто така е претставено како Коа и можеби е местото опишано во Библијата, каде цар Соломон добива коњи[3].
Се верува дека името на градот доаѓа од легенда според која Аднус и Сарус, синови на Уранус, се населиле на место близу до реката Сејхан, каде што денес се издига Адана[4].
Градот имал многу имиња низ вековите: Анос, Та Адана, Уру Адана, Ердене, Едене, Езене, Бата, Атана, Азана.
Историја
уредиРана историја
уредиИсторијата на могилата во Тепебаг, кој се наоѓа во Адана, датира од неолитскиот период или во околу 6000 п.н.е., за време на првите човечки населби. Се смета дека Тепебаг е најстариот град на регионот Чукурова. Местото наречено Адана било споменато во сумерскиот еп „Гилгамеш“, но географијата на ова дело е премногу непрецизна за да се идентификува со нејзината местоположба.
Според еден хетитски натпис, кои се наоѓа во Хатуша, Кисвадна било првото царство кое владеело со Адана, под заштита на Хетитите од 1335 година п.н.е. Во тоа време, името на градот било Уру Аданија додека жителите биле нарекувани Данајци. Со падот на силата и распадот на Хетитското Царство, во 1191-1189 п.н.е. започнале инвазии од запад кои предизвикале голем број на мали царства да ја преземат контролата на регионот. Во следниот периот регионот бил управуван од Асирците (9 век п.н.е.), Персијците (6 век п.н.е.), Македонците (333 п.н.е.), Селевкидите, пиратите од Киликија, Римјаните и Ерменците.
Ранохристијански период
уредиИсторијата на Адана е суштински поврзана со историјата на Тарс. Тие често биле сметани за ист град. Адана била со релативно помала важност во текот на периодот на Римското Царство, додека во близина Тарс бил престолнина на областа. За време на ерата на Помпеј, градот бил користен како затвор за пиратите од Киликија. По поделбата на Римското Царство во 395 година, областа станала дел од Византија, а веројатно била и развиена во текот на времето на Јулијан Отстапник. Со изградба на големи мостови, патишта, владини згради, канали за наводнување и насади, Адана и Киликија станале најразвиените и најзначајни трговски центри во регионот. Ајас (денес Јумурталик) и Козан биле други два поголеми урбани и административни центри во оваа област, особено во периодот на Киликијаните.
Адана била вклучена во римската провинција Киликија Прима, чиј главен град бил Тарс. Градот станал епископија, додека суфраган епископот од Тарс бил издигнат на ранг на автокефална архиепископија по 680 година, кој учествувал на Шестиот вселенски собор. Епископот Павлин учествувал на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година, додека на Вториот вселенски собор во Цариград од 381 година учествувал епископот Киријак. Анатолиј се споменува во писмото на Свети Јован Златоуст. Кирил учествувал на Третиот вселенски собор во Ефес од 431 година и на Соборот во Тарс од 434 година. филипус учествувал на Четвртиот вселенски собор во Халкидон од 451 година и бил потписник на заедничкото писмо на епископите од Киликија Прима до царот Лав I од 458 година, кои протестирале поради убиството на Протериј Александриски. Јоанес учествувал на Шестиот вселенски собор во Цариград од 680 година.
Средновековен период
уредиВо средината на 7 век, градот бил освоен од страна на Арапите. Според еден арапски историчар од тоа време, името на градот потекнува од Езене.
Византијците успеале да си го вратат градот во 964 година, но по победата на Алп Арслан во Битката кај Манцикерт во 1071 година, Селџуците успеале да го заземат регионот на сметка на Византија. Адана била освоена најверојатно пред 1071 година и со градот управувале до почетокот на Првата крстоносна војна, кога крстоносците на чело со Танкред Галилејски, го освоиле градот.
Во 1132 градот бил вклучен во територијата на ерменското Кралство Киликија. Градот бил освоен од Византија во 1137 година но Ерменците повторно го вратиле под своја контрола во 1170 година. Во 1268 година во градот се случил голем земјотрес кој предизвикал голема штета. Адана била повторно изградена и останала во составот на Ерменија до 1359 година, кога градот бил предаден на Мамелуците од Египет. Заземањето на градот овозможило на многу турски семејства да се населат во него. Семејството Рамадани во градот се населило токму од тој период, и тоа опстојува во Адана до денес под презимето Онур. Во следниот период градот бил освоен од Османлиите.
Модерен период
уредиВо 1830 година, со цел да се обезбеди независност на Египет од Отоманското Царство, војската на Мухамед Али Паша, валија на Отомански Египет, ја нападнал Сирија во два наврати, и стигнал до Аданската рамнина. Војниците на Мухамед Али Паша ги разрушиле градските ѕидини и тврдината. Според мировниот договор, Сирија и Адана биле дадени на Египет[5]. По крајот на Османлиско-египетската војна (1839–1841), Египет ја вратил Сирија и Адана на Османлиите, додека Велика Британија го признала Мухамед Али Паша за легитимен владетел на Египет[6].
Во 1909 година се нслучил т.н. Масакр во Адана во кој биле убиени ерменски христијани во градот Адана[7]. Според проценките во масакрот биле убиени од 15,000 до 30,000 Ерменци[7][8][9][10]. Масакрот следувал по Младотурската револуција од 1908 година. Турските и ерменските револуционери работеле заедно за враќање на уставот. На 31 март избувнал бунт против партијата на власт Единство и прогрес. Додека бунтот во престолнината Цариград траел околу десет дена, убивањето на ерменското малцинство траело околу еден месец.
По Првата светска војна, власта во градот била предадена на француските војници. Четири баталјони на Француската легија биле испратени во Адана за надзор на ерменските бегалци. На 20 октомври 1921 година, бил потпишан Договорот од Анкара меѓу Франција и турското Големо Национално Собрание. Врз основа на условите на договорот, Франција заедно со останатите ерменски волонтери се повлекле од градот на 5 јануари 1922 година[11].
На 30 јануари 1943 година, британскиот премиер Винстон Черчил тајно се состанал со турскиот претседател Исмет Инону во воз во станица Јенице, 23 километри надвор од Адана. Черчил сакал Турција да се приклучи во Втората светска војна на страната на сојузниците.
Градот бил погоден од земјотрес со јачина од 6,2 степени на 27 јуни 1998 година, во кој загинале 145 луѓе додек 1.500 лица биле повредени, Вкупната економска загуба била проценета на околу 1 милијарда евра[12].
Географија
уредиАдана се наоѓа на 30-тина километри од североисточниот брег на Средоземјето, каде служи како порта на областа Чукурова, кој во минатото бил познат на Запад како Киликија. Овој голем регион од Турција претставува плодна земја и се наоѓа југоисточно од планината Таур.
Од Адана, преминувајќи кон Киликиско поле на запад, од Таур патот влегува во предпланинскиот регион на Таур. Падот на температурата од тој момент станува буквално со секој чекор на издигнување, при кое патот достигнува до надморска височина од над 1.200 метри. Тој поминува и преку т.н. Врати на Киликија.
На север, градот е опкружен со браната „Сејхан“, која била изградена во 1956 година. Браната е изградена за производство на електрична енергија и за наводнување на долината на Чукурова.
Клима
уредиАдана има средоземна клима. Зимите се благи и влажни додека летата се долги, топли и суви. Највисоката температура била измерена на 8 јули 1978 година со 45,6 °C, додека најниската температура била -8,1 °C.
Климатски податоци за Адана (1950 - 2014) | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 26.5 (79.7) |
26.7 (80.1) |
32.0 (89.6) |
37.5 (99.5) |
40.6 (105.1) |
41.3 (106.3) |
44.0 (111.2) |
45.6 (114.1) |
43.2 (109.8) |
39.4 (102.9) |
33.3 (91.9) |
30.8 (87.4) |
45.6 (114.1) |
Прос. висока °C (°F) | 15.0 (59) |
16.2 (61.2) |
19.5 (67.1) |
23.8 (74.8) |
28.2 (82.8) |
31.7 (89.1) |
33.8 (92.8) |
34.6 (94.3) |
33.1 (91.6) |
29.0 (84.2) |
22.4 (72.3) |
16.8 (62.2) |
25.34 (77.62) |
Сред. дневна °C (°F) | 9.6 (49.3) |
10.5 (50.9) |
13.5 (56.3) |
17.5 (63.5) |
21.7 (71.1) |
25.6 (78.1) |
28.1 (82.6) |
28.4 (83.1) |
25.9 (78.6) |
21.3 (70.3) |
15.4 (59.7) |
11.2 (52.2) |
19.06 (66.31) |
Прос. ниска °C (°F) | 5.5 (41.9) |
6.1 (43) |
8.5 (47.3) |
12.2 (54) |
15.9 (60.6) |
20.0 (68) |
23.2 (73.8) |
23.5 (74.3) |
20.3 (68.5) |
15.9 (60.6) |
10.7 (51.3) |
7.1 (44.8) |
14.07 (57.34) |
Најниска забележана °C (°F) | −8.1 (17.4) |
−6.4 (20.5) |
−3.6 (25.5) |
−1.3 (29.7) |
5.6 (42.1) |
11.2 (52.2) |
11.5 (52.7) |
14.8 (58.6) |
9.3 (48.7) |
4.8 (40.6) |
−4.3 (24.3) |
−4.4 (24.1) |
−8.1 (17.4) |
Прос. врнежи мм (ин) | 109.9 (4.327) |
84.2 (3.315) |
66.8 (2.63) |
55.2 (2.173) |
47.3 (1.862) |
20.0 (0.787) |
7.1 (0.28) |
5.2 (0.205) |
15.8 (0.622) |
40.7 (1.602) |
73.7 (2.902) |
128.7 (5.067) |
654.6 (25.772) |
Прос. бр. врнежливи денови | 10.4 | 10.3 | 9.9 | 9.1 | 6.7 | 3.0 | 0.9 | 0.7 | 2.6 | 5.5 | 7.2 | 10.5 | 76.8 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 136.4 | 146.9 | 186.0 | 213.0 | 282.1 | 312.0 | 325.5 | 319.3 | 270.0 | 223.2 | 168.0 | 133.3 | 2.715,7 |
Можен удел на сончевост | 44.5 | 48.2 | 50.3 | 54.0 | 64.3 | 70.8 | 72.8 | 75.9 | 72.6 | 64.0 | 55.0 | 44.6 | 59.75 |
Извор: Turkish State Meteorological Service[13] |
Управување
уредиГрадот Адана е наведен како област која е во рамките на границите на Општина Адана. Оваа област опфаќа 30 километри[14] околу Градското собрание со исклучок на областите надвор од провинцијата. Четири нивоа на управување се вклучени во администрацијата на градот, и тоа: Национална влада, Провинциска управа, Општината и областните општини. Владата на Турција во Анкара ја држи најголемата моќ во градот, односно управува со здравството, образованието, полицијата и многу други институции поврзани со градски услуги. За ова, владата од Анкара има назначено гувернер. Провинциската управа главно се занимава со изградба и одржување на основните училишта, градинките и другите државни згради и одредено ниво на социјални услуги[15]. Општинско владеење се одржува во структурата на две нивоа: Општинска и областна управа. Општината се грижи за изградба и одржување на главните патишта и паркови, како и за противпожарните служби[16]. Обласните служби се надлежни за одржување на областните улици, паркови, собирање на ѓубре и услуги на гробиштата.
Општина
уредиОпштина Адана била основана во 1871 година и покрај тоа што градот продолжил да се регулира преку системот мухтешио до 1877 од страна на првиот градоначалник Ѓозликлу Сулејман ефенди. Првото модерно општинско владеење започнало со вториот градоначалник Киркор Бездикјан и неговиот наследник Синјор Артин. Во текот на овој период биле проширени и поплочени патиштата, биле направени канали за одводнување, и во сила влегле првите општински прописи. По основањето на Република Турција, големи инфраструктурни проекти биле завршени и првите планирани населби биле изградени во северниот дел на градот. Турхан Кемал Берикер служел како градоначалник и гувернер во период од дванаесет години. Со завршувањето на браната Сејхан во 1956 година, градот доживеал голем економски раст, кога тогашниот премиер Аднан Мендерес покажал посебен интерес за Адана. Тој иницирал големи инфраструктурни проекти, како подземна канализација и донесување на детален урбанистички план. Од 1984 година до денес градскиот пејзаж бележи револуционерни промени со ревитализација на реката Сејхан и изградба на големи паркови и булевари[17].
Во 1989 година бил донесен закон според кој општинските надлежности биле поделени помеѓу општината и регионалните општини. Тогашната Општина Адана станала главна, додека биле основани плус две општини: Сејхан и Јурегир. Караисали бил припоен кон градот во 2006 година, додека Чукурова и Сариџам биле основани како општини во 2008 година. На 3 февруари 2012 година, Советот на општината Каратас ја прифатил иницијативата да се здружи општината со Адана, па од тоа време Каратас станал шеста област на градот.[18]
Денеска, Општината Адана се состои од три органи: совет, градоначалник и енкумен. Секоја област избира една петтина од своите членови за општинскиот совет. Така, општинскиот совет се состои од 35 советници, десет од областа Сејхан, осум од Јурегир, осум од Чукурова, шест од Сариџам, два од Караисали и градоначалникот кој е директно избран од гласачите[19]. Енкуменот или во предод изивршен комитет, се состои од девет членови[20].
Области
уредиГрадот Адана се состои од урбаните области Сејхан, Јурегир, Чукурова и Сариџам. Областа Сејхан се наоѓа целосно во границите на градот додека Јурегир, Чукурова и Сариџам се наоѓаат во руралните средини надвор од градот.
Сејхан
уредиОбласта Сејхан се наоѓа западно од реката Сејхан и претставува културен и бизнис-центар на градот. Патот D-400 ја дели оваа област на север и југ. Северно од D-400 се наоѓа економски најразвиениот дел на градот. Овде се сместени голем број на хотели, културни центри, деловни и јавни објекти. Во стариот дел на градот, кој се наоѓа јужно од D-400, се наоѓа пазар на традиционални и модерни продавници. Јужниот дел од стариот дел на градот е со пониски приходи.
Чукурова
уредиОбласта Чукурова, која не треба да се помеша со регионот Чукурова, претставува модерна станбена област што се наоѓа северно и јужно од Сејханската брана. Округот бил планиран во средината на 1980-тите години да се насочи на урбаното проширување до средината на 3000 хектари плодно земјиште во северниот дел на градот. Именуван како Нова Адана, проектот се состоел од изградба на домови за 200.000 луѓе, вклучувајќи куќи по должината на брегот на езерото и на високи станбени згради разделени меѓусебно од широките булевари: Тургут Озал, Сулејман Демирел и Кенан Еврен[21].
Јурегир
уредиОбласта Јурегир се наоѓа источно од реката и главно се состои од нископриходни станбени објекти и големи индустрии. Со изградбата на нови мостови на реката и продолжување на линијата на метрото во градот, Јурегир станал од особено значење за градот. Овде се планира да биде изградена нова населба која ќе се протега на 47,5 хектари земја[22].
Сариџам
уредиОбласта Сариџам се наоѓа источно од Јурегир и се состои од поранешните општини кои биле споени на градот Адана во 2008 година. Некои од најголемите институции на градот се наоѓаат во оваа област, како Универзитетот Чукурова и Воздухопловната база Инџирлик.
Населби
уредиНаселбите или махале на турски претставуваат административни единици во рамките на реонските општини и се администрираат од страна на мухтар и од Советот на населбите. Иако се бираат од страна на жителите, мухтарот ги нема сите овластувања како на пример функции како администратор на националната влада. Мухтарот може да иницире прашања поврзани со населбата во општинската област[23]. И покрај фактот дека администрацијата на населбата не може да обезбеди социјални услуги, ниту има средства да го направи тоа, голем број од жителите сè уште се идентификуваат со нивните населби, особено во областите со ниски приходи.
Постојат вкупно 254 населби во градот. Сејхан има 99 населби, 69 од нив во урбана област и 30 се населби на поранешните општини и поранешни села. Јурегир има 99 населби, 38 во урбаната област и 61 руралната. Сариџам има 29 населби, Чукурова - 16 населби и Караисали - 11 населби. Населението на населбите може да се движи од 150 до 63.000.[24]. Некои населби, особено во областа на Чукурова се многу големи.
Тепебаг, Кајалибаг, Курукопру, Улуџами, Сарајакуп и Алидеде се историски населби Адана. Населбите од републиканската ера како Решатбеј, Џемалпаша, Куртулуш и Чинарли се јадрото на културниот живот во градот. Ѓузелјали, Карслилар и Ќуртепе се сценски населби со поглед на резервоарот Сејхан.
Економија
уредиАдана е еден од најголемите индустриски градови, како и еден од економски најразвиените градови во Турција. Како среден по големина трговскји град кон 1800-тите години, градот ги привлечел европските трговци во времето кога во САд се водила граѓанската војна. Земјоделците од Чукурова во тој период започнале со извоз на своите земјоделски производи, по кое областа започнала да се гради. До почетокот на XX век, речиси сите фабрики за обработка на памук, започнале да работат во регионот. Фабриките биле затворени и економијата речиси дошла до застој во 1915 година, по депортирањето на Ерменците кои го држале поголемиот дел од бизнисите во градот. По основањето на републиката започнал период на забрзана индустријализацијата на регионот како и до повторно активирање на произвидството на земјоделски производи. Со изградбата на браната Сејхан и подобрување на земјоделските техники, започнал експлозивен раст на земјоделското производство во текот на 1950-тите. Големи индустриски капацитети биле изградени по должината на патот D-400 и Каратас[25]. Услужните индустрии, особено банкарството, доживеале голема примена во текот на овој период. Брзиот економски раст продолжил до средината на 1980-тите години и бил проследен со пораст на капиталистичката алчност која довела до злоупотреба на богатството и голема нееднаквост во распределба на приходите на работниците.
Широката неолиберална политика од страна на тогашниот премиер Тургут Озал да се централизира економијата на земјата предизвикала речиси сите компании кои биле засновани во Адана, своите седишта да ги преселат во Истанбул. Падот на производството на памук во регионот довело до затворање на неколку големи фабрики, започнувајќи од средината на 1990-тите[26]. Младите професионалци побегнале од градот. Финансиски, градот започнал да закрепнува по 2002 година кога на власт дошла Партијата на правдата и развојот, но во 2010 година, стапката на невработеност во градот достигнала рекордно високо ниво од 19,1%[27]. По 20 години на стагнација, економијата на Адана се пренасочила кон инвестиции во туризмот и услужната трговија.
Трговија
уредиАдана е еден од водечките трговски центри во јужниот дел на Турција. Градот е домаќин на многу регионални корпорации и јавни институции. TÜYAP и Alper Akınoğlu се домаќини на голем број саеми и бизнис конференции. Конгресниот центар Алпер Акиноглу има капацитет од 2000 седишта и бил отворен во 2012 година и истиот се наоѓа во кампусот на универзитетот Чукурова[28].
Аданската стопанска комора била основана во 1894 година и за цел имала да ја води и да ја регулира трговијата со памук. Таа е една од најстарите од таков вид во Турција. Денес комората има повеќе од 25.000 членки[29], со задача да ги промовира интересите на бизнис секторот и да се залага во нивно име. Аданската стокова берза, која била основана во 1913 година имала функција главно за организирање на трговија со земјоделски производи и добиток[30]. Берзата се наоѓа спроти киносалата Митрополит.
Во крајбрежните области Сејхан и Јммурталик се наоѓаат 29 хотели кои можат да сместат 4,200 гости, но во следниот период е планирано овој број да се зголеми на 8,400 гости[31]. Денешните хотели со пет ѕвезди во градот се Хилтон, Сејхан и Сурмели, додека во следниот период ќе бидат отворени и Шератон и Туркмен, кои исто така се наоѓаат на брегот од реката. Освен овие хотели, во центарот на градот се наоѓаат хотелите Раманда и Диван, а хотелот Анемон се наоѓа во западниот дел на градот[32].
Земјоделство
уредиАдана е голем земјоделски регион каде се одгледува памук, пченица, пченка, соја, јачмен, грозје и цитрусни овошја во големи количини. Земјоделците произведуваат половина од производството на грав, пченка и соја во Турција. 34% од кикирики на Турција и 29% од портокалите во Турција се берат во Адана[33]. Поголермиот дел од земјоделските компании од регионот имаат свои канцеларии во Адана. Производителните задруги играат значајна улога во економијата на градот. Чукобирлик има 36.064 членови кои се производители на памук, кикирики, соја, сончоглед и репка[34].
Градот е домаќин на најголемиот земјоделски саем во регионот, кој привлекува повеќе од 100,000 посетители од 20 земји. Саемот се организира на површина од 3,5 хектари секоја година во октомври.[35].
Производство
уредиАдана е индустријализиран град каде големи индустриски капацитети имаат свое седиште во градот. Освен земјоделство, во градот се произведува и текстил. Текстилната и кожарската индустрија сочинуваат 29% од производството во Адана[36].
Започнувајќи од 2008 година, Адана има 11 компании во топ 500 индустриски фирми во Турција[37]. Најголемата компанија во Адана, Temsa Global (автомобилски производител) има повеќе од 2500 вработени и произведува 4000 автобуси годишно. Marsan-Adana е најголема фабрика за производство на зејтин и растително масло во Турција[38]. Advansa Sasa е најголемиот производител на полиестер во Европа со 2650 вработени[39]. Организираниот индустриски регион во Адана има површина од 1225 хектари.
Демографија
уредиЧетирите области на градот Адана немаат рурално население, иако нивното население е концентрирано главно во градот. Затоа, од урбаното население на Адана може да се пресмета само преку збир од соседните популации на области во урбаните средини. Заклучно со декември 2015 година, вкупното население на четирите области е 2.210.000[40].
Бројот на населението во четирите области на Адана од 2008 година е:
Област | Население | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2014 | 2015 | |
Сејхан | 752,308 | 722,852 | 723,277 | 757,928 | 764,714 | 779,232 | 788,722 |
Јурегир | 411,299 | 415,047 | 417,693 | 421,692 | 416,302 | 419,240 | 419,011 |
Чукурова | 267,453 | 327,460 | 343,770 | 326,938 | 335,733 | 353,680 | 359,315 |
Сариџам | 86,727 | 90,879 | 99,313 | 103,232 | 111,976 | 143,547 | 150,425 |
Вкупно | 1,517,787 | 1,656,238 | 1,784,053 | 1,809,790 | 1,928,725 | 2,085,699 | 2,210,000 |
Две третини од жителите на Адана живеат западно од реката Сејхан, каде што градот бил основан. Урбаното ширење, источно од реката е ограничено поради големите институции како што се Универзитетот Чукурова и воздухопловната база Инџирлик. Сејхан е најразновидна област, во која живеат неколку етнички групи. Областа Чукурова има голема заедница на постари граѓани од цела Турција, кои сакаат да уживаат во нивното пензионирање во топла клима на регионот.
Главните етнички групи во Адана се Турците, Арапите и Курдите. Порастот на населението се забавил помеѓу 1885 и 1927, поради Аданскиот масакр и Ерменскиот геноцид, но оваа бројка била преполовена кога во градот се населиле бегалците од Балканот, како дел од грчката размена на населението од 1923 година.
Историски гледано, првите Турци во градот се населиле од Средна Азија во околу 11 век. Во почетокот на 14 век, неколку туркменски племиња се населиле во градот кога Мамелуците ја презеле контролата над Чукурова[41]. Отоманскиот регистар на даночни обврзници од 1526 година бележи 16 турски станбени области и само еден ерменски и ниту еден грчки, еврејски, курдски или арапски[42]. Во текот на 17 век повеќе Ерменци и Грци се населиле во градот. Според Евлија Челебија во градот живееле и арапски жители[42].
Година | Нас. | ±% |
---|---|---|
1885 | 69.266 | — |
1927 | 72.577 | 4.8% |
1955 | 100.367 | 38.3% |
1980 | 574.515 | 472.4% |
2000 | 1.130.710 | 96.8% |
2011 | 1.617.284 | 43.0% |
Арапите кои се едни од најстарите жители на градот, главно се сконцентрирани во Јурегир. Новите арапски генерации главно не го зборуваат арапскиот јазик и тие најчесто се асимилирани во турската култура. Демографијата на градот значително се променила во 1990-тите, по масовната миграција на Курдите. Голем дел од нив биле принудени да ги напуштат своите села во југоисточниот дел на по започнувањето на конфликтот помеѓу Турција и Курдите[43]. Курдите, главно живеат во јужните населби на градот. Ромското племе Конос се населило во Адана за време на Балканските војни и главно денеска живее во Синанпаша[44]. Околу 8.000 Роми живеат во провинција Адана.[45]. Постои голема заедница на емигранти од Балканот и Кавказ, кои, исто така се населиле во Адана за време на Балканските војни и пред тоа.
Се проценува дека 2.000 семејства на Крипто-Ерменци живеат во Адана[46], и се идентификуваат себеси како Арапи, Курди или Алевити. Покрај тоа, постојат голем број потомци на Ерменци кои биле одгледани во муслимански семејства по настаните од 1915 година. Ерменците и Грците биле половина од населението на Адана пред 1915 година.
Адана е дом на една заедница од околу 2.000 Британци и Американци кои служат во воздухопловната база Инџирлик во НАТО. Пред 2003 година, заедницата броела и до 22.000, но оваа бројка се намалила кога многу војници заминале во Ирак[47].
Слично како и во другите градови на Средоземно Море и Егејското крајбрежје, секуларизмот е силен во Адана. Меѓу религиозните луѓе, поголемиот дел од нив се придржуваат на сунитскиот ислам. Мнозинството од Турците, повеќето од Курдите и некои од Арапите се сунитски муслимани. Адана, исто така е упориште на алевизмот. Многу Алевити откако се преселиле во градот од Кахраманмарас по инцидентите во 1978 година. Постои и една мала заедница на римокатолици и неколку еврејски семејства.
Архитектура
уредиЗлатното доба за архитектурата на Адана претставувал периодот кон крајот на 15 и 16 век, кога Рамаданидите го изграле градот за своја престолнина. Во текот на овој период населението на градот се зголемило, и биле изградени неколку нови населби. Поголемиот број од историските знаменитости во Адана биле изградени за време на овој период. Од овој период доминира мамелучката архитектура и селџучката архитектура. Ташкопру е единственото останато обележје од времето на Византија и неколку јавни згради биле изградени за време на османлиското владеење. Во градот исто така се среќава и ерменската архитектура, која може да се најде и на некои современи згради во градот.
Првите траги од населба во квартот Тепебаг се од неолитско време. Оваа населба се наоѓа веднаш до Камениот мост Ташкопру, кој се наоѓа на еден рид кој се вика „Ридска градина“. Градската управа започнала кампања за зачувување на културното наследство на оваа област, особено на отоманските куќи. Ататурк останал во една од овие куќи на улица Сејхан, и денеска во оваа куќа се наоѓа музејот Ататурк.
Во градот има изградено повеќе мостови на реката Сејхан. Меѓу најзначајните се Ташкопру, римски мост кој бил изграден во 2 век[48]. Мостот во моментот се користи од страна на пешаците и велосипедистите. Овој мост бил најстариот мост во светот преку кој поминувале моторни возила, пред да биде затворен во 2007 година и пренаменет за пешаци. Железничкиот мост Демиркопру бил изграден во 1912 година како дел од проектот на елезничката линија Берлин-Багдад. Мостот Регулатор се наоѓа во јужнмиот дел од градот и ја контролира водата на реката. Иато така постојат три пешачки мостови, мостот Сејхан, мостот Мустафакемалпаша, мостот на метрото и мостот на автопатот.
Саат-кула Бујук или Големата саат-кула била изградена од страна на локалниот гувернер на Адана во 1882 година. Оваа саат-кула е највисоката во Турција со 32 метри. За време на француската окупација градбата била оштетена, но повторно била изградена во 1935 година, а неговата слика може да се најде во грбот на градот. Околу кулата се наоѓа Казанџилар чаршија.
Рамазаноглу салата била изградена во 1495 година за време на владеењето на Халил-бег. Овој објект е еден од најстарите примери за една куќа во Турција. Во оваа куќа живеело семејството Рамаданиди и се состои од харем. Во минатото овде се наоѓале и владините канцеларии но денеска тие не постојат[49].
Чарши Амам (турска бања на чаршијата) бил изграден во 1529 година од страна на Рамазаноглу Пири-паша и тоа е најголемиот амам во Адана. Амамот бил изграден со пет куполи и внатре е покриен со мермер. Водата била донесена од реката Сејхан преку канали[49].
Ирмак Амам (турска бања на реката), се наоѓа веднаш до Сејханското собрание, била изградена во 1494 од страна на Рамазаноглу Халил-бег на урнатините на антички римски бањи. Водата доаѓа од реката. Други историски амами во градот се Местензадр и Јени амам.
Џамии
Џамијата Шабанџи Меркез иако не е историска, таа е најпосетуваната џамија во Адана и една од најголемите џамии во Блискиот Исток. Изградена во согласност на отоманската архитектура, била целосно отворена во 1998 година. Таа е изградена на вкупно 52.600 квадратни метри земјиште и има затворена површина од 6.600 квадратни метри.[50] Џамијата се наоѓа на бреговите на реката Сејхан. Таа има т.н. величествена структура со 6 минариња. Постојат осум столбови кои лежат на главната купола, која пак има пречник од 32 метри. Висината на главната купола е 54 метри од подот. Четирите минариња, кои се во непосредна близина на главната зграда, се високи 99 метри, а другите две минариња кои се со полузатворен трем се високи 75 метри.
Улу џамија или Големата џамија била изградена во 1541 за време на Рамаданидите. Џамијата е најстара во градот и е украсена со црн и бел мермер со декоративни прозорци и со познатите плочки од Измир од 16 век. Џамијата има едно минаре.
Џамија Јаг била изградена како црква посветена на Свети Јованм но била претворена во џамија во времето на Халил-бег во 1501 година[51]. Неговиот наследник Пири Мехмед-паша го додадел минарето во 1525 година. Џамијата е во стилот на селџучка архитектура и има привлечна порта направена од жолт камен.
Јени џамија или Новата џамија била изградена во 1724 година од страна на Абдулрезак Антаки, и денеска е позната и како џамија Антаки. Во оваа џамија била користена мамелучката архитектура.[52].
Цркви
Во 19 век градот имал четири цркви; две ерменски, една грчка и една католичка. Свети Павле е католичка црква која била изградена во 1870 година. Таа се наоѓа во стариот дел на градот, во близина на плоштадот 5 Оџак и во моментов во неа се наоѓаат римокатоличката и протестантската заедница.
Грчката црква била изградена во 1845 година во областа Ќурукопру и била претворена во музеј во 1950 година. Црквата била обновена во нејзината оригинална состојба во 2015 година.
Ерменската црква била претворена во филијала на Зират банка во текот на републиканската ера. Исто така, во текот на истиот период, поголемата ерменската црква на улица Абидинпаша била разрушена од страна на Владата и била изградена Централната банка[53].
Паркови и градини
уредиВо градот постојат голем број на зелена површина, паркови и градини.[54]. Благодарение на топлата клима, парковите и градините се отворени во текот на годината, без потреба од зимско одржување.
Преку рекреативните патеки кои се наоѓаат на двата брега на реката Сејхан може да се помине целиот град до јужниот крај браната. Патеката потоа се поврзува со булеварот Аднан Мендерес, која следува по јужниот брег на браната. Паркот Дилберлер Секиси претставува најстар во градот, кој се протега по должината на западниот брег, меѓу старата и новата брана. Рекреативна патека по должината на северната страна на Големиот канал оди од источниот крај до западниот крај на градот, поминувајќи ја реката Сејхан. Некои делови на оваа патека сè уште не се завршени. Откако ќе бидат завршени, во градот ќе има речиси 30 километри патека.
Паркот Меркез или Централниот парк се наоѓа на површина од 33 хектари, помеѓу двата брега на реката Сејхан, северно од џамијата Шабанџи Меркез. Во овој дел се наоѓа амфитеатар со капацитет од 2.100 седишта, една кинеска градина, две кафулиња итн. Во паркот постои Веслачки клуб кој служи за рекреација на веслачите.
Сулејман Демирел Арборетум е голема ботаничка градина која содржи живи збирки на дрвенести растенија наменети делумно за научна студија на Универзитетот Чукурова. Арборетум исто така се користи за образовни и рекреативни цели од страна на жителите на градот. 512 видови на растенија постојат во Арборетум[55].
Ататурк парк се наоѓа на површина од 4,7 хектари и бил изграден во текот на првите години на републиката. Во паркот се наоѓа статуа од ататурк и во паркот најчесто се одржуваат јавни церемонии.
Паркот Чобандеде се наоѓа на површина од 16,5 хектари.
Кујна
уредиАданската кујна е под влијание главно на кујната на Јуруците, Арапите и Ерменците. Масните јадења со различни зачини направени од месо (најчесто јагнешко) и булгур се заеднички за сите видови на кујна. Булгурот и брашното се наоѓаат во сите видови на чукуровата кујна. Во речиси секој дом може да се најде употребата на црвен пипер и зачини. Булгурот како зрнестас храна се приготвува од различен вид на тврда пченица, во зависност од вкусот[56].
Аданските ќебапи се направени од мелено месо. Бидејќи ќебапот може да се најде во сите ќебапчилници во Турција и во повеќето турски ресторани низ целиот свет, Аданските ќебапи се е најпопуларниот избор на јадење во Адана, иако храната од другите култури стануваат сè попопуларни. Покрај бројните ќебапчилници, исто така има многу продавачи на ќебапи во постарите улици на Адана. Аданските ќебапи најчесто се служат со кромид салата, зелена салата или со добро сецкани домати. Ракијата и шалгам обично ги придружуваат како пијалаци. Постојат многу видови на салати карактеристични за градот. Салатата од ротквица со таан е многу популарна и се наоѓа само во регионот Чукурова. Шалгам најчесто се пие во зимскиот период, додека ашлама е избор на пијалак во текот на летото.
Една од познатите слатки на Турција која се вика „Слатка колбаса“ потекнува од Адана. Таа била измислена од страна на Сер Дуран О. за време на Првата светска војна во околу 1915 година.
Зеленчуковите јадења се исто така популарни во градот. Покрај домати, пиперката исто така се користи во речиси секое јадење. Градот е исто така познат по ширданот, еден вид на домашен колбас полнет со ориз, десертот халка татлија, кадаиф итн. како и неколку видови на овошје, вклучувајќи ја кајсијата.
Уметност и забава
уредиТеатри
уредиДржавниот симфониски оркестар Чукурова го направила својот прв концерт во 1992 година и од тоа време, оркестарот има настапи двапати неделно од октомври до мај во театарската сала Митрополит. Оркестарот се состои од 39 музичари и спроведува редовни патувања во Турција и во странство.
Аданскиот државен театар ја отворил својата фаза на постоење во 1981 година во културниот центар на Шабанџи Меркез. Театарот има редовни настапи во периодот од октомври до мај[57]. Градскиот театар на Адана бил основана во 1880 година од страна на гувернерот Зија Паша. Овој театар бил првиот театар во Адана. Во 1926 година театарот се преселил во новоизградениот општински центар. Градскиот театар во моментов има неделни настапи во театарската сала на Метрополит и во центар Рамазаноглу. Сејханскиот градски театар и Сејханските фолклорни танци имаат неделни настапи во театарот на Сејханскиот културен центар.
Амфитеатрите во Адана се домаќини на претстави од април до ноември. Амфитеатарот Мимар Синан е најголем во градот и може да прими 8.000 гости. Најчесто овој амфитеатар се одржуваат концерти и се гледаат филмови. Тој се наоѓа на западниот брег на реката Сејхан. Амфитеатарот Меркез има капацитет од 2.100 седишта, амфитеатарот во универзитетот Чукурова - 3.000 седишта.
Музеи
уредиАданскиот археолошки музеј бил отворен во 1924 година како еден од најстарите десет музеи во Турција. Тој се преселил во неговата моментална местоположба во западниот дел на мостот Сејхан во 1972 година. Во овој музеј се чуваат експонати од целиот регион на Чукурова, како двете статуи на Хетитите, Ахилскиот саркофаг кој ја прикажува Тројанската војна, статуи од Магарсус итн.
Музејот на аданската етнографија бил отворен во 1983 година кога Археолошкиот музеј се преселил во својата нова местоположба. Во предниот и задниот двор има епитафи и надгробни споменици на водечките личности на 17 век. Во западниот двор, постојат натписи на Ташкопру, мостот Мисис, од стариот дел на градот и фонтаната Бахрипаша. Внатре има облека, накит и оружје на Јуруците.
Музејот Ататурк се наоѓа во куќата каде престојувал Мустафа Кемал Ататурк и содржи експонати од војната за турската независност.
Музејот Мисис се наоѓа недалеку на источниот крај на градот на западниот брег на реката Сејхан, додржи мозаици, кои биле на подот на храмот од 4 век во античкиот град Мисис. Мозаикот го прикажува Ное и 23 птици и живината што го зел врз ковчегот за време на Потопот[58].
Музејот Караџаоглан е музеј на литературата, додека други позначајни музеи во градот се Аданскиот музеј на киното и музејот на фотографијата Мехмет Балтаџи[59]. Галеријата на ликовни уметности Шабанџи Меркез била отворена во Центарот за култура во 1982 година. Уметничката галерија „Јул 75“ се наоѓа во паркот Ататурк, додека други позначајни галерии се Градската уметничка галерија и Уметничката галерија во Сејхаскиот културен центар.
Фестивали
уредиМеѓународниот филмски фестивал Алтин Коза е еден од најдобрите фестивали во Турција, што се одржува од 1969 година. Во текот на фестивалот од 2009 година, 212 меѓународни филмови биле прикажани ви 11 кина низ целиот град. Долгиот филмски натпревар, Меѓународниот студентски филмски натпревар и Средоземниот културен филмски натпревар се одржуваат во текот на фестивалот.
Меѓународниот театарски фестивал Шабанџи Меркез се одржува секоја година во април од 1999 година. На фестивалот во 2011 година учествувале 461 уметници од 17 ансамбли (10 домашни и 7 меѓународни) во Центарот за култура Шабанџи Меркез. Отворањето на фестивалот било изведено на реката Сејхан и Ташкопру, од страна на италијанскиот ансамбл Студио Фести. „Water Symphony“ било пречекано од страна на илјадници луѓе со голем ентузијазам[60].
Портокаловиот карневал се одржува секој април. Карневалската парада од 2015 година привлекла повеќе од 90 илјади луѓе[61], што е највисока посетеност досега на отворен настан во Адана. Организираните концерти и изложби на плоштадите во градот, парковите и улиците се придружени со спонтани улични прослави.
Меѓународниот инструментален музички фестивал „Чукурова“ е фестивал кој трае две недели и се одржува секоја година во Адана, Антакија и Газиантеп. Во 2009 година, на фестивалот одржал по петти пат со концерт на отворањето на Државниот симфониски оркестар Чукурова. Баритон Марќин Брониковдски, пијанистката Вања бачварова, гитаристот Питер Фингер, виолончелистот Озан Тунџа биле некои од музичарите кои настапиле на фестивалот[62].
Фестивало на уметнички денови „Чукурова“ е регионален фестивал, кој се одржува секоја година од 2007 година. Во 2012 година, фестивалот се одржал на 22-26 март во Адана, Мерсин, Тарс, Антакија, Анамур и Алеп. На фестивалот имало вкупно 94 настани, вклучувајќи концерти, изложби и конференции[63].
Фестивалот „13 Kare“ започнал во 1999 година како фестивал на фотографија посветена на 13 фотографи од Адана, кои загинале во сообраќајна несреќа. Фестивалот потоа се проширил и во другите уметности. За време на фестивалот се изложуваат дела од природата и архитектурата, а се одржуваат и неколку концерти. Фестивалот се одржува во месец декември.
Аданскиот литературен фестивал се одржува секој април во Аданскиот центар за уметност и култура. Околу 100 писатели, поети и критичари учествуваат на фестивалот.
Ноќен живот
уредиГрадот е добро познат по својот различен ноќен живот и многуте павјони од 1950-тите до 1980-тите години. Тие главно функционирале како забавни клубови, со музика во живо, обично на два спрата, со наредени маси на првиот спрат, додека на вториот спрат се наоѓаат приватни соби.[64]. Првиот павјон бил отворен во 1942 година со доаѓањето на англиски работници кои работеле на патот Адана-Илукишла, кој проект бил финансиран од страна на британската влада за да ја убеди Турција да формира фронт во Втората светска војна[65]. Овие клубови биле отворени по должината на реката Сејхан. Во 1960 година во градот започнала брза индустријализација и биле отворени поголем број на такви клубови не само во градот туку и во регионите на Адана, како и во Истанбул и Анкара. Со тоа Аданскиот павјон станал најпознат по своето име во земјата. Многу популарни пејачи својата слава му ја должат токму на Аданскиот павјон, бидејќи нивните рани кариери започнале токму во овие клубови.
Традиционалната област во која има најголема забава е Сулар кој се наоѓа во близина на Централната станица, но пабови и клубови во денешно време има отворено низ целиот град. Поголеми клубови во градот се „Life Legend“, „Uptown“, „Casara“ и „Lava“ и тие се наоѓаат по должината на реката Сејхан. Во овие клубови гостувале голем дел од турската музичка естрада. Баровите во градот главно се распространети во центарот на градот и околу старата брана[66].
Стогодишната долга традиција на ќебапи и ракија во чаршијата Казанџилар е претворена во фестивал од 2010 година каде по чаршијата има музика и оро по цела ноќ. Светскиот фестивал на ракијата се одржува во втората саботна вечер на декември, привлекувајќи повеќе од 20 илјади луѓе во стариот дел на градот[67].
Спорт
уредиФудбалот е најпопуларниот спорт во Адана, како и кошарка, одбојка и ракомет. Топлото време го прават градот рај за спортови како веслање, едрење, пливање и ватерполо. Коњските трки и јавањето на коњ се исто така популарни. Во периодот од 5 до 15 октомври 2009 година во градот се одржало Европското првенство во кошарка за инвалиди, на кој победила репрезентацијата на Италија совладувајќи ја Турција во финалниот натпревар[68]. Женското европското првенство во одбојка во 1967 година се одржало во Турција, и Адана бил град-домаќин заедно со Истанбул, Анкара и Измир. Натпреварите од група Ц се одиграле во спортската сала Мендерес во Адана[69]
Клуб | Спорт | Лига | Спортско здание | Основан |
---|---|---|---|---|
Аданаспор | фудбал (мажи) | Супер лига | Стадион 5 Оџак (14,805) | 1954 |
Адана Демирспор | фудбал (мажи) | ТФФ Прва лига | Стадион 5 Оџак (14,805) | 1940 |
Адана Идманјурдуспор | фудбал (жени) | Прва лига | Стадион Генчлик (2000) | 1993 |
КК Боташ | кошарка (жени) | Прва лига | Спортска сала „Мендерес“ (2000) | 1984 |
КК Адана АСКИ | кошарка (жени) | Прва лига | Спортска сала „Мендерес“ (2000) | 2000 |
КК Аданаспор | кошарка (мажи) | Втора лига | Спортска сала „Мендерес“ (2000) | 2006 |
ОК Адана Торос | одбојка (мажи) | Прва лига | Спортска сала „Мендерес“ (2000) | 2011 |
РК Адана Шакирпаша | одбојка (жени) | Прва лига | Арена „Јурегир Сериневлер“ (2000) | 2012 |
Аданаспор и Адана Демирспор се двата клуба од Адана, кои се натпреваруваат во турската фудбалска лига. По 12 години, Аданаспор се вратила во Супер лига[70], каде се натпреварувал 21 година и во сезоната 1980-1981 година го освоила второто место. Аданаспор исто така учествувала во натпреварите за купот на УЕФА во три сезони. Адана Демирспор моментално настапува во ТФФ Прва лига и во сезоната 1977-1978 година го освоила второто место во турскиот куп, додека во Првата фудбалска лига клубот настапувал 17 години. И двете екипи се натпреваруваат на стадион 5 Оџак, додека меѓусебните нивни натпревари се познати како аданско дерби. Во женскиот фудбал претставник од градот е екипата на Адана Идманјурдуспор и клубот се натпреварува во Прва лига и своите домашни натпревари ги игра на стадион Генчлик.
КК Боташ и КК Адана АСКИ се главните кошаркарски клубови во женска конкуренција и се натпреватуваат во Првата лига. КК Боташ бил финалист на купот Ронкети во сезоната 2000-2001 година[71] и играл полуфинале на еврокупот во сезоната 2011-2012 година[72]. Екипата ја освоил титулата во лигата во сезоната 2000-2001 година и 2002-2003 како и турскиот куп во 2000-2001 година и 2002-2003 година. КК Боташ своите домашни натпревари ги игра во Спортска сала „Мендерес“. КК Адана АСКИ бил основан во 2000 година, и својата најдобра сезона клубот ја имал во 2014-2015 година, кога играл во финалето на турскиот куп. КК Адана АСКИ своите домашни натпревари ги игра во Спортска сала „Мендерес“[73]. Во градот постои и кошаркарски клуб за инвалидизирани лица, КК Аданаспор.
Професионалниот одбојкарски клуб Адана своите домашни натпревари ги игра во Спортска сала „Мендерес“[74] и се натпреватува во Првата лига[75]. РК Адана Шакирпаша е ракометен клуб од Адана кој своите домашни натпревари ги игра во Арена „Јурегир Сериневлер“[76] и се натпреватува во Прва лига[77].
Спортовите на вода се рекреативни и традиционални за Адана. Ватерполо клубот Адана Демирспор во најсилната турска лига се приклучил во 1942 година и своите домашни натпревари ги игра во комплексот „Ататурк“ кој бил отворен во 1936 година. Екипата е најуспешен ватерполски клуб во Турција, кој има освоено 29 шампионски титули[78]. Веслањето во Адана станало популарно во последните 20 години. Натпреварите се одржуваат во текот на годината на реката Сејхан и браната Сејхан. Веслачкиот клуб Адана и клубот „Универзитет Чукурова“ се натпреваруваат на национално и на меѓународно ниво. Натпреварите во едрење[79] исто така се одржуваат во браната Сејхан во текот на целата година. Клубот од Адана настапува во натпревари во различни категории. Во категорија на пливање, Ердал Аџет од клубот Демирспор има значајна улога во земјата и на меѓународно ниво бидејќи го има соборено рекордот на пливање преку каналот Ламанш за 9 часа и 2 минути во 1976 година. Во текот на последните 15 години во градот има изградено 41 базени[80].
Аданскиот полумаратон бил отворен во 2011 година на национално ниво, со учество на 223 спортисти. Во 2012 година, маратонот добил меѓународен статус и бил домаќин на 610 спортисти од 10 земји[81]. Маратонот се одржува во првата недела по 5 јануари, денот на независноста на Адана.
Адана е еден од градовите во Турција, каде коњските игри се мошне популарни. Хиподром Јешилоба традиционално е еден од четирите патеки од таков вид во Турција.
Современ живот
уредиМедиуми
уредиМедиумите во Адана членуваат во националните и локалните агенции. Новинарската унија „Чукурова“ е унија на локалните медиуми во регионот.
Постојат неколку дневни весници во Адана, меѓу кои најпопуларните се „Јени Адана“, „Експрес“, „Торос“, Болге“ и „5 Оџак“. Јени Адана е најстариот весник и датира од 1918 година[82]. Весникот одиграл значајна улога во движењето за независност по Првата светска војна. Повеќето весници во Адана служат не само во градот, туку и во регионот. Многу национални весници имаат свои регионални издавачки центри во Адана. Весникот „Хуриет“ објавува додаток на весникот, Хуријет Чукурова, како еден од најпопуларните регионални весници, кој има тираж од 48.000.
Телевизијата „Канал А“ е со најдолг стаж во телевизиите во Адана. Други телевизии од градот се ТВ Чукурова, ТВ Акдениз, ТВ Коза, Кент телевизија итн. Постојат голем број локални радио канали, меѓу кои најпознато е радио Чукурова.
Шопинг
уредиУлицата Џакмак е традиционална трговска улица која се наоѓа во стариот дел на градот. Неколкуте обиди од страна на градот улицата да се користи единствено за пешаците не завршиле со добар резултат бидејќи протокот на сообраќај не може да се пренасочени кон друга улица. Постојат неколку историски чаршии околу саат-кулата Бујук и и џамијата Јаг. Покриени пазари во градот се наоѓаат на улица Сајдам, Килис и Мисир чаршија
Булеварот Зијапаша е улица каде се продаваат скапи брендови. Улицата се протега од патот D-400 до Централната железничка станица и продавниците се концентрирани кон северниот крај. Улиците околу Зијапаша и улиците во северниот дел на Адана, Озал, Демирел и Еврен, исто така имаат продавници со познати брендови.
Постојат четири модерни трговски центри во градот. Галерија била првата која била изградена во почетокот на 1990-тите години, но не останала популарна поради административни прашања. M1 и Carrefour се трговски центри кои биле изградени за време на доцните 1990-ти во западниот крај на градот. Неодамна бил отворен и трговскиот центар Optimum Outlet како првиот трговски центар, источно од реката и исто така најблиску до центарот на градот.
Образование
уредиОсновни и средни училишта
уредиВо Адана постојат државни, приватни и непрофитни образовни институции. Основното и средното образование во градот е регулирано од страна на провинциската управа на Министерството за образование кој исто така управува со државните училишта.
Постојат 282 државни и 12 приватни основни училишта во Адана. Познати средни училишта од градот во државна сопственост Адана Фен и Адана Анадолу додека меѓу приватните најпознати се Ѓундоглу и Билфен. Ѓундоглу е најголемата приватна школа во Адана. Постојат шест државни и шест приватни училишта за ученици со посебни потреби[83].
Библиотеката Рамазаноглу била основана во 1923 година со спојување на две помали библиотеки. Библиотеката се наоѓа во Културниот центар Шабанџи Меркез од 1976 година[84]. Библиотеката има филијала во Караџаогланскиот музеј на книжевноста. Сејхан, Јурегир, Сариџам и Караисали исто така имаат свои реонски државни. Аданската градската библиотека е специјализирана за теми од историјата и културата на Адана, и поседува колекција на фотографии и филмови за градот. Градската библиотека се наоѓа во Аданскиот центар за уметност и култура[85].
Саемот на книгата „Чукурова“ се одржал по петти пат во 2012 година, кога бил посетен од страна на 182.450 посетители. 205 издавачи и волонтерски организации имале штандови, повеќе од 50 културни настани биле изведени и 300 автори биле присутни на саемот. Во исто време, Саемот на образованието „Чукурова“ бил организиран во изложбениот центар ТУЈАП со учество на 45 образовни институции[86].
Градот има голем број на етнички заедници и во градот постојат образовни институции каде се учат арапскиот јазик и курдскиот јазик.
Универзитети
уредиПостојат два државни универзитети и два фондациски универзитети во градот. Универзитетите се регулирани од страна на Советот за високо образование.
Универзитетот „Чукурова“ е државен универзитет кој се наоѓа на источниот брег на Сејхан. Во 2008 година, со 3 факултети, се наоѓа меѓу првите 500 универзитети во светот според истражувањето спроведено од страна на Blackwell Publishing, Quacquarelli Symonds и The Times[87][88]. Универзитетот бил основан во 1973 година со спојување на Сојузот на колеџи за земјоделски науки и медицина. Неговиот кампус располага со многу културни, социјални и спортски објекти за 40.000 студенти[89].
Аданскиот универзитет за наука и технологија бил отворен неодамна и како државен универзитет има девет факултети, двете институции и една академија[90]. Универзитетот ЧАГ е непрофитна институција која била основана во 1997 година. Универзитетот е 20 километри од центарот на градот на околу половина пат кон Тарс. Поголемиот дел од своите 2.500 ученици се менуваат од Адана, Тарс и Мерсин.
Здравствена грижа
уредиАдана е голем здравствен центар во поширокиот регион од Средоземјето во Југоисточна Анадолија. Постојат четири универзитетски болници, осум државни болници и седум приватни болници во градот.
Меѓу најпознатите болници во градот се општата болница, државната болница Чукурова, болница за торакални болести, воена болница итн. Болницата Балџали на универзитетот Чукурова била основана во 1987 година, откако Медицинскиот факултет се преселил во главниот кампус. Болницата има 1.050 болнички легла во 47 сервис-единици, 58 кревети за интензивна нега и 17 кревети за итни случаи. Тоа е најголемата болница во јужна и југоисточна Анадолија и една од главните болници на Турција[91].
Во Јурегир постои болница која вклучува општа болница со капацитет од 600 легла, интерна болница со 200, гинекологија со 250, онкологија со 100, физиотерапија и центар за рехабилитација со 150 и психијатриски оддел со капацитет од 100 легла[92].
Сообраќај
уредиАдана се наоѓа на главниот пат кој ја поврзува Европа со Блискиот Исток. Во 16 век, Адана била пристанишниот град каде што бродовите можеле да се движат од реката Сејхан до пристаништето јужно од Ташкопру.
Меѓуградски превоз
уредиАеродромот Шакирпаша се наоѓа западно од стариот дел на градот. Заедно со Автобуската централна станица и Централната железничка станица, постојат три главни локации за меѓуградски превоз.
Аеродромот Шакирпаша кој се наоѓа во градот е меѓународен аеродромкој го опслужува регионот на Чукурова. Аеродромот е шести најпрометен аеродром во Турција за патнички сообраќај, со 5,4 милиони патници во 2015 година[93] . Постојат меѓународни летови до поголемите градови во Германија, Бејрут, Џеда, Ербил и Никозија и чести домашни летови до Истанбул, Анкара, Измир, Анталија, Трабзон, Бодрум и Ван[94].
Турските државни железници имаат пет долги линии кои ги поврзуваат Адана со Анкара, Кајсери, Караман, Коња и Елазиг. Сите овие линии се под контрола на Централната железничка станица. Освен овие, исто така има и три регионални линии Чукурова-Адана-Мерсин.
Постои голема патна мрежа (O50-O59) во регионот, што ги поврзува Адана со Ердемли на запад, Нигде на север, Шанлаурфа на исток и Искендерун на југ. Сообраќајот тече непречено во текот на денот додека возењето трае од 40 минути до Мерсин до два часа да Газиантеп.
Градски превоз
уредиЛокалниот превоз во Адана е обезбеден од страна на Аданската транзит корпорација, која своите клиенти ги пренесува со долмуши и автобуси. Аданското метро претставува брз железнички транзитен систем кој има патна мрежа од 14 километри. Линијата на метрото започнува од северозападниот дел на центарот на градот и завршува во Јурегир[95]. Метрото има 13 станици и може да пренесе 21.600 патници во еден правец, додека комплетното патување трае 21 минути.
Аданската транзит корпорација има 229 автобуси, од кои осум од нив се специјално дизајнирани за корисниците со посебни потреби. Плаќањето се врши преку Кенткарт смарт каричка. Други шест автобуски компании имаат 411 автобуси, каде плаќањето се одвива исто како и кај државната корпорација. За превоз помеѓу улиците, во градот работат 1,086 минибуси каде единствената форма на исплата е со готовина.
Возење велосипед
уредиГрадот Адана поради својата топла клима претставува одлично место за возење на велосипед и пешачење. Најголемата велосипедска патека се наоѓа покрај реката Сејхан и во областа Чукурова. За разлика од другите градови, како Измир или Ескишехир, Адана е на пониско ниво во поглед на велосипедизмот.
Збратимени градови
уреди
Европа
|
Азија
|
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 4 February 2016. Посетено на 1 January 2016.
- ↑ See, e.g., Sirekli Archaeological Project.
- ↑ „Innvista - Horses from Egypt and Kue“. Innvista. Архивирано од изворникот на 2012-03-07. Посетено на 2 October 2014.
- ↑ Stephanus of Byzantium, see Adana
- ↑ „Convention of Kütahya“. Encyclopædia Britannica Online. 2011. Посетено на 2011-03-18.
- ↑ Dupuy, Trevor, The Harper Encyclopedia of Military History. Macdonald and Jane's, 1977.
- ↑ 7,0 7,1 „30,000 KILLED IN MASSACRES“. The New York Times. April 25, 1909. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ Akcam, Taner. A Shameful Act. 2006, page 69–70: "fifteen to twenty thousand Armenians were killed"
- ↑ Century of Genocide: Eyewitness Accounts and Critical Views By Samuel. Totten, William S. Parsons, Israel W. Charny
- ↑ Walker, 1980, pp.182–88
- ↑ „Cilicia in the years 1918-1923“. Zum.de. Посетено на 2 October 2014.
- ↑ Esref Yalcinkaya (2005). „Stochastic Finite-fault Modeling of Ground Motions From the June 27, 1998 Adana-Ceyhan Earthquake“ (PDF). Earth Planets Space. 57: 107–115. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-10-01. Посетено на 2016-10-14.
- ↑ „Meteoroloji“ (турски). Архивирано од изворникот на 2010-11-27. Посетено на 8 January 2016.
- ↑ „5216 sayılı Büyükşehir Belediyesi Kanunu“ (турски). Grand National Assembly of Turkey. Архивирано од изворникот на 27 July 2010. Посетено на 26 July 2010.
- ↑ „5302 sayılı İl Özel İdaresi Kanunu“ (турски). Ministry of Justice. Архивирано од изворникот на 2011-09-03. Посетено на 21 July 2010.
- ↑ „5216 sayılı Büyükşehir Belediyesi Kanunu“. Grand National Assembly of Turkey. Архивирано од изворникот на 27 July 2010. Посетено на 26 July 2010.
- ↑ „Adana Büyükşehir Belediyesi Tarihçesi“ (турски). Adana Metropolitan Municipality. Архивирано од изворникот на 31 July 2010. Посетено на 26 July 2010.
- ↑ „Karataş Belediyesi Büyükşehir'e Bağlanma Kararı Aldı“ (турски). Haberler.com. Посетено на 3 February 2012.
- ↑ „Adana Büyükşehir Belediyesi Meclis Üyeleri“ (турски). Adana Metropolitan Municipality. Посетено на 27 July 2010.
- ↑ „Adana Büyükşehir Belediyesi Encümeni“ (турски). Adana Metropolitan Municipality. Архивирано од изворникот на 12 June 2010. Посетено на 27 July 2010.
- ↑ „Yeni Adana Projesi“ (турски). Adana Metropolitan Municipality. Архивирано од изворникот на 15 September 2010. Посетено на 4 September 2010.
- ↑ „Sağlık Kampüsü Yüreğir'e“. haber01.com. Архивирано од изворникот на 2018-12-15. Посетено на 4 September 2010.
- ↑ Koçberber, Seyit (2007), Yeni Belediye Yasası ile Mahalle Yönetimi (турски), 56, Sayıştay Journal, стр. 103–114
- ↑ „Adana Kenti İlçe Mahalle ve Muhtarlıklar“ (турски). Metropolitan Municipality. Архивирано од изворникот на 2013-08-01. Посетено на 27 July 2010.
- ↑ „Bekleyen dev: Adana“. Aksiyon. Архивирано од изворникот на 2014-01-04. Посетено на 2 February 2012.
- ↑ „Adana'da sanayi tasfiye oluyor.(Turkish)“. Vatan Gazetesi. Архивирано од изворникот на 2013-06-16. Посетено на 9 March 2009.
- ↑ „Adana'da 5 kişiden biri işsiz(Turkish)“. Radikal Gazetesi. Посетено на 24 June 2011.
- ↑ „Adana Exhibition and Congress Center“. TÜYAP. Архивирано од изворникот на 2015-04-02.
- ↑ „ATO Tarihçe (Turkish)“. Adana Chamber of Commerce. Архивирано од изворникот на 2012-06-15. Посетено на 5 February 2012.
- ↑ „Adana Ticaret Borsası Tarihçe (Turkish)“. Adana Commodity Exchange. Архивирано од изворникот на 2012-10-29. Посетено на 5 February 2012.
- ↑ „Adana Otel Yatırımcılarının Yeni Gözdesi Oldu“. Haberler.com.
- ↑ „Hotels in Adana“. ÇUKTOB. Архивирано од изворникот на 2010-01-19.
- ↑ „İllere göre tarım miktarları“. Turkcebilgi.net. Архивирано од изворникот на 2010-04-29.
- ↑ „Çukobirlik Tarihçe“. Çukobirlik. Посетено на 4 February 2012.
- ↑ „Adana Tarım Fuarı'na 20 Ülkeden Katılımcı Geliyor“. Haberler.com.
- ↑ „Distribution Of Sectors in Adana“. Adana Chamber of Industry. 2007. Архивирано од изворникот на 2020-04-09.
- ↑ „Türkiye'nin en büyük 500 sanayi kuruluşu arasına Adana'dan sadece 11 firma girdi (Turkish)“. Zaman Gazetesi. Архивирано од изворникот на 2011-10-04.
- ↑ „Marsan Adana Plant“. Marsan. Архивирано од изворникот на 2009-10-04.
- ↑ „Advansa Adana Plant“. Advansa. Архивирано од изворникот на 2016-09-20.
- ↑ „Biruni“. Biruni.tuik.gov.tr. Архивирано од изворникот на 2016-03-08. Посетено на 2016-05-28.
- ↑ „Adana Tarihi (Turkish)“. Mekan360. Посетено на 25 January 2012.
- ↑ 42,0 42,1 The Plain of Saints and Prophets: The Nusayri-Alawi Community of Cilicia, Gisela Procházka-Eisl,Stephan Procházka, p. 39
- ↑ октомври 2010&CategoryID=97 „1910'larda kimine göre 2.5 milyon, kimine göre 4.5 milyon Kürt göç ettirildi.(Turkish)“ Проверете ја вредноста
|url=
(help). Radikal. Посетено на 28 January 2012. - ↑ „Distribution of Ethnic Groups in Turkey (Turkish)“. Habername. Посетено на 6 June 2008.
- ↑ „Hangi ilde ne kadar çingene yaşıyor? (Turkish)“. Son Sayfa.[мртва врска]
- ↑ „Gizli Ermeniler (Turkish)“. AZSAM. Архивирано од изворникот на 2011-05-01. Посетено на December 27, 2008.
- ↑ „Amerikalı asker sayısı azaldı. (Turkish)“. CİHAN News Agency. Посетено на 18 September 2008.
- ↑ „Adana Taşköprü (Stone Bridge)“. Governship of Adana Tourism and Culture Department.
- ↑ 49,0 49,1 „Çarşı Hamamı(Turkish)“. Kenthaber Kültür Kurulu. Архивирано од изворникот на 2012-02-24. Посетено на 2016-10-14.
- ↑ „Sabancı Merkez Camii“. Sabancı Vakfı.
- ↑ „Adana“. Adonis İstanbul. Архивирано од изворникот на 2010-03-11.
- ↑ „Yeni Camii“. Kenthaber Kültür Kurulu. Архивирано од изворникот на 2013-07-01. Посетено на 2016-10-14.
- ↑ Cezmi Yurtsever. „Kiikya Ermenileri“. Cezmiyurtsever.com. Архивирано од изворникот на 2011-08-13.
- ↑ „Rekreasyon Çalışmaları“. Adana Metropolitan Municipality. Архивирано од изворникот на 2014-08-22.
- ↑ „Çukurova Süleyman Demirel Arboretumu (Turkish)“. Adana Orman Bölge Müdürlüğü. Архивирано од изворникот на 2012-03-03.
- ↑ „Adana Mutfağı(Turkish)“. adanadan.biz.
- ↑ „Adana Devlet Tiyatrosu Tarihçesi(Turkish)“. Adana Devlet Tiyatroları.
- ↑ „Misis Mozaik Müzesi (Turkish)“. Buneki. Архивирано од изворникот на 2020-06-06.
- ↑ „Müzelere öğrenci ilgisi (Turkish)“. Haberler.com. Посетено на 12 February 2012.
- ↑ „13th State Theater-Sabancı International Adana Theater Festival“. Sabancivakfi.org. Архивирано од изворникот на 2011-04-04. Посетено на 2 October 2014.
- ↑ „Nisan'da Adana'da“. Nisandaadanada.com. Архивирано од изворникот на 2016-02-09. Посетено на 2016-01-19.
- ↑ „5.Uluslararası Çukurova Çoksesli Müzik Festivali(Turkish)“. Çukurova Müzik Dostları Derneği. Архивирано од изворникот на 2010-01-05.
- ↑ „6. Uluslararası Çukurova Sanat Günleri (Turkish)“. Son Dakika. Архивирано од изворникот на 2016-10-18. Посетено на 26 March 2012.
- ↑ İbrahim Altay. „Adana artık pavyonla anılmıyor.(Turkish)“. Sabah Gazetesi. Посетено на 11 February 2012.
- ↑ İbrahim Altay. „Adana'da bar-pavyon hayatı“. Sabah Gazetesi.
- ↑ İbrahim Altay. „Tele-bar Furyası (Turkish)“. Sabah Gazetesi.
- ↑ „Rakıcılar bir kez daha Dünya Rakı Gününde buluşuyor - CNN TÜRK“. Cnnturk.com. 2014-11-27. Посетено на 2016-01-19.
- ↑ „Avrupa Tekerlekli Sandalye Basketbol Şampiyonası Adana'da başladı.(Turkish)“. Haberler.gen.al. Архивирано од изворникот на 2016-10-13.
- ↑ „Volleyball VII European Championship 1967“. Todor66.com. Посетено на 2016-05-28.
- ↑ „Adanaspor, Spor Toto Süper Lig'de - TFF'den Mesajlar Detay Sayfası TFF“. Tff.org. 2016-04-24. Посетено на 2016-05-28.
- ↑ „Botaşspor Başarıları (Turkish)“. Botaşspor Club. Архивирано од изворникот на 2010-01-05.
- ↑ „Botaş – Gran Canaria Quarter Final Second Leg“. FIBA Europe.
- ↑ „Türkiye 1. Basketbol Ligi'nde Adanaspor küme düştü“. Karar.com. Посетено на 2016-05-28.
- ↑ „Adana Byz Algomed Spor İddiali“. Gazeteolay.com. Архивирано од изворникот на 2016-01-26. Посетено на 2016-01-19.
- ↑ „Türkiye Voleybol Federasyonu“. Tvf.org.tr. 2016-05-24. Архивирано од изворникот на 2016-04-21. Посетено на 2016-05-28.
- ↑ „> LİGLER > Bayanlar 1. Lig“. Thf.gov.tr. Архивирано од изворникот на 2016-06-02. Посетено на 2016-05-28.
- ↑ „Adana Şakirpaşa HEM SK Süper Ligde - Haberler“. Thf.gov.tr. 2016-04-21. Архивирано од изворникот на 2016-05-08. Посетено на 2016-05-28.
- ↑ „Adana Demirspor Tarihçe (Turkish)“. Adana Demirspor Club. Архивирано од изворникот на 2010-01-14.
- ↑ „Adana'da Yelken Heyecanı (Turkish)“. Adana Metropolitan Municipality. Архивирано од изворникот на 2015-05-04. Посетено на 2016-10-15.
- ↑ „Büyükşehir'den 7 Yeni Havuz(Turkish)“. Haberler.com.
- ↑ „Adana'da yağmura rağmen maraton büyük ilgi gördü.(Turkish)“. Adana Büyükşehir Belediyesi. Архивирано од изворникот на 2014-07-14. Посетено на 2016-10-15.
- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 23 May 2009. Посетено на 30 September 2009.
- ↑ „Schools in Adana“. Adana Governorship Education Department. Архивирано од изворникот на 2009-10-04.
- ↑ „Adana İl Halk Kütüphanesi Tarihçe (Turkish)“. Adana İl Halk Kütüphanesi Müdürlüğü. Архивирано од изворникот на 2012-04-03.
- ↑ „Adana Kent Kütüphanesi Hakkında(Turkish)“. Adana Kent Kütüphanesi. Архивирано од изворникот на 2014-07-14. Посетено на 2 February 2012.
- ↑ „Çukurova 5.Kitap Fuarı sona erdi. (Turkish)“. Turkish Publishers Association. Архивирано од изворникот на 2012-12-22. Посетено на 8 February 2012.
- ↑ „ISLAMIC STATES: Network to improve quality assurance“. University World News. Посетено на 28 June 2009.
- ↑ „Dünyanın en iyileri arasında 5 Türk üniversite (Turkish)“. Star Gazete. Посетено на 23 January 2008.
- ↑ „ÇÜ'de Öğrenci Kayıtları (Turkish)“. Haber FX. Архивирано од изворникот на 2012-08-02.
- ↑ „Adana'ya bilim üniversitesi(Turkish)“. Radikal. Посетено на 31 March 2011.
- ↑ „Çukurova Üniversitesi Tıp Fakültesi(Turkish)“. Çukurova Üniversity. Архивирано од изворникот на 2012-04-26. Посетено на 2 January 2012.
- ↑ „Adana'ya 400 milyon TL'lik Sağlık Kampüsü yapılacak(Turkish)“. Medikal Plus. Архивирано од изворникот на 2012-04-26. Посетено на 2 January 2012.
- ↑ „DHMİ İstatistikler(Turkish)“. DHMİ. Посетено на 7 January 2016.
- ↑ „Pegasus, Adana merkezli Diyarbakır ve Van uçuşlarına başladı(Turkish)“. Dünya Gazetesi. Архивирано од изворникот на 2010-11-08. Посетено на 3 November 2010.
- ↑ „Adana Hafif Raylı Taşıma Sistemi Devreye Girdi. (Turkish)“. Anadolu Ajansı. Архивирано од изворникот на 2016-12-21. Посетено на 14 May 2010.
- ↑ „International Relations of the City of Beersheba“ (хебрејски). Beersheba Municipality. Архивирано од изворникот на 9 December 2008. Посетено на 6 December 2008.
Надворешни врски
уредиВикипатување има туристички водич за Adana. |
- Governorship of Adana
- Adana Metropolitan Municipality Архивирано на 30 јули 2011 г.
- Adana Trade and Industry Chamber Архивирано на 27 август 2008 г.
- Adana Gündoğdu College
„Адана“ на Ризницата ? |