Јакопо Пери
Јакопо Пери (20 август 1561 – 12 август 1633), познат под псевдонимот Ил Закерино (Il Zazzerino), бил италијански композитор и пејач од преодниот период помеѓу ренесансниот и барокниот стил и често се нарекува изумител на операта. Тој своето прво дело кое денес се смета за опера, Дафне го напишал околу 1597 година, а исто ја напишал и најстарата сочувана оперска партитура, Евридика (1600).[1]
Јакопо Пери | |
---|---|
Јакопо Пери | |
Роден(а) | 20 Август 1561 Рим, Папски Држави |
Починал(а) | 12 август 1633 Фиренца, Великото Војводство на Тоскана | (возр. 71)
Занимање | Италијански композитор и пејач |
Биографија
уредиПери е роден или во Рим или во Фиренца [2] во семејство од средна класа. Самиот Пери тврдел дека е од Рим, но со оглед на проримските чувства на тогашниот властодржец Фернандо де Медичи, било неблагодарно да се изјасни како Фирентинец, што можеби го мотивирало Пери да го прикрива своето родно место. Како и да е, тој се вработил да пее во Сервитскиот манастир во Фиренца. Веројатно е дека и се школувал во тамошното манастирското училиште. Поради својот талент и стекнатото образование, Пери бил во можност да студира во Фиренца кај Кристофано Малвеци и продолжил да работи во голем број тамошни цркви, и како оргулар и како пејач. Потоа околу септември 1588 година почнал да работи во дворот Медичи,[2] на почетокот како тенорски пејач и клавијатурист, а подоцна и како композитор. Неговите најрани дела биле инцидентна музика за драми, интермеди и мадригали.
Во 1590-тите, Пери се поврзал со Јакопо Корси, главен покровител на музиката во Фиренца.[3] Сметале дека тогашната уметност е инфериорна во однос на класичните грчки и римски дела и решиле да се обидат да ја пресоздадат античката трагедија, според своите поимања. Нивната работа се надоврзала на Фирентинската Камерата од претходната деценија, со која биле создадени првите обиди во монодија, соло пеење врз континуиран бас од кој подоцна се развиле во рецитативот и аријата. Пери и Корси го повикале поетот Отавио Ринучини да напише текст за Дафне кое денес се смета за прво оперско остварување.[1]
Ринучини и Пери соработувале и за Евридика. Ова дело било премиерно изведено на 6 октомври 1600 година во Палацо Пити за свадбата на принцезата Марија де Медичи и Хенри IV. За разлика од Дафне, оваа опера е сочувана до денес (иако речиси никогаш не е изведувана освен како историски курјозитет). Во делото се користеле рецитативи, нова форма сместена меѓу ариите и рефрените и служела за придвижување на дејството.
Пери компонирал многу други опери, најчесто во соработка со други композитори (како Ла Флора со Марко да Гаљано), а напишал и бројни други дела за разновидни дворски забави. Неколку негови дела се изведуваат и денес, а неговиот оперски стил уште додека бил жив се чинел како да е прилично старомоден во споредба со делата на релативно помладите реформисти композитори како Клаудио Монтеверди. Сепак, влијанието на Пери врз тие подоцнежни композитори било огромно.
Дела
уреди- Јакопо Пери: Аи Летори. Воведување на „Le Musiche sopra l'Euridice“, ревизија и забелешка на Валтер Карињано
- Јакопо Пери: Le Musiche sopra l'Euridice. Ревизија и забелешка на Валтер Карињано, Опера Рината, Торино
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Опера“. Легендариум (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-02-27. Посетено на 2022-02-27.
- ↑ 2,0 2,1 Carter, Tim (April 1980). „Jacopo Peri“. Music & Letters. 61 (2): 121–135 – преку JSTOR.
- ↑ „Jacopo Peri | Encyclopedia.com“. www.encyclopedia.com. Посетено на 30 May 2019.
Користена литература
уреди- „Јакопо Пери“, во Нов речник на музиката и музичарите, Стенли Сејди. 20 том. Лондон, Macmillan Publishers Ltd., 1980 година.ISBN 1-56159-174-2ISBN 1-56159-174-2
- Картер, Т. (1980). Јакопо Пери. Музика и писма, 61 (2), 121–135. http://www.jstor.org/stable/733337
Надворешни врски
уреди- Слободни партитури од Jacopo Peri од проектот „Меѓународна библиотека на партитури“
- Јакопо Пери — слободни партитури на CPDL