Прејди на содржината

Wii

Од Википедија — слободната енциклопедија
Wii
Логото на Wii
Логото на Wii
Wii со далечинско
Wii со далечинско
ИзработувачNintendo
ПроизводителFoxconn
ВидИграчка конзола
ГенерацијаСедма генерација
ИзлеголСА 19 ноември 2006
ЈАП 2 декември 2006
АВС 7 декември 2006
ЕВР 8 декември 2006
Продажна достапност19 ноември 2006
ПовлеченЈАП 2013
ЕВР 2013
ИспорачаниШирум светот: 86,01 милиони (30 март 2010)
Медиумиоптички диск Wii (12 см)
Nintendo GameCube Game Disc (8 см)
ЦПЕIBM на основа на PowerPC[1]Broadway
Складирањевнатрешна флеш 512 МБ
SD-картичка, SDHC-картичка
картичка за Nintendo GameCube
ГрафикаATIHollywood
УправувачиWii Remote (Plus), Wii Balance Board, Nintendo GameCube, Nintendo DS[2]
ПоврзувањеWi-Fi
Bluetooth
2 × USB 2.0[3]
LAN-адаптер (преку USB)
Семрежни услугиNintendo Wi-Fi Connection, WiiConnect24, Wii Shop Channel
Најпродавана играWii Sports (вградена, освен во Јапонија и Јужна Кореја) 67,71 милиони (30 септември 2010)[4]
Wii Play, 26,71 милиони (31 декември 2009)[5]
Обратна
соодветност
Nintendo GameCube
ПретходникNintendo GameCube
НаследникWii U

Wii (најчесто нарекувана по начинот на којшто се изговара на англиски јазик ВИ) е петтата конзола за видеоигри на Nintendo. Конзолата е потомец на нејзиниот предок Nintendo GameCube. Nintendo тврди дека конзолата е поинаква од конзолите PlayStation 3 на Sony и Xbox 360 на Microsoft иако им конкурира и на двете во натпреварот помеѓу конзолите од седмата генерација.[6] Конзолата беше развивана во соработка со IBM и ATI.

Неизбежна предност на оваа конзола што ја разликува од нејзините предци е нејзиниот нов безжичен контролер Wii Remote, што може да се користи како рачен покажувач и може да детектира брзина и ориентација во три димензии. Друга голема новина е нејзината WiiConnect24 Интернет платформа, што овозможува примање пораки и софтверски надоградувања додека конзолата е во standby mode.[7]

Nintendo првпат ја информираше јавноста за оваа нова конзола на Electronic Entertainment Expo (Е3) прес конференцијата во 2004 година, а за првпат и ја претстави конзолата на јавноста во 2005 година исто така на Е3. Сатору Ивата, претседателот на Nintendo и го претстави на јавноста безжичниот контролер во септември 2005 година на Токискиот саем на игри.[8] На Е3 2006 конзолата ја освои првата од неколку награди. До декември 2006 Wii беше лансиран во продажба на четири клучни пазари во светски рамки.[9]

Financial Times објави дека од 12 септември 2006, Wii е водач во генерацијата конзоли на Nintendo според јапонскиот магазин Enterbrain, глобалната пазарна истражувачка компанија од Вашингтон NPD Group и најголемиот пазарен истражувачки институт од Германија GfK.[10]

  1. „Wii: The Total Story“. IGN. Архивирано од изворникот на 2006-12-18. Посетено на 20 ноември 2006.
  2. Gantayat, Anoop (7 јуни 2006). „Connectivity Returns“. IGN. Архивирано од изворникот на 2012-02-04. Посетено на 7 јуни 2006.
  3. McDonough, Amy. „Wii Get It Now: Technical Specs from 1UP.com“. 1up.com. Архивирано од изворникот на 2016-05-22. Посетено на 2 мај 2008.
  4. „Consolidated Financial Highlights“ (PDF). Nintendo. октомври 28, 2010. стр. 6. Посетено на октомври 29, 2010.
  5. „Financial Results Briefing for the Six-Month Period ended December 2009“ (PDF). Nintendo. 31 октомври 2009. стр. 11. Посетено на 29 јануари 2010.
  6. USA Today
  7. „Nintendo Corporation“. Архивирано од изворникот на 2006-06-04. Посетено на 2008-08-04.
  8. Iwata Speaks
  9. 2006 winners
  10. Wii takes lead