1464
< 14 век | 15 век | 16 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1464 MCDLXIV |
Ab urbe condita | 2217 |
Ерменски календар | 913 ԹՎ ՋԺԳ |
Асирски календар | 6214 |
Балиски календар | 1385–1386 |
Бенгалски календар | 871 |
Берберски календар | 2414 |
Будистички календар | 2008 |
Бурмански календар | 826 |
Византиски календар | 6972–6973 |
Кинески календар | 癸未年 (вод. коза) 4160 или 4100 — до — 甲申年 (дрв. мајмун) 4161 или 4101 |
Коптски календар | 1180–1181 |
Етиопски календар | 1456–1457 |
Еврејски календар | 5224–5225 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1520–1521 |
- Сачка ера | 1385–1386 |
- Кали-југа | 4564–4565 |
Холоценски календар | 11464 |
Игбоански календар | 464–465 |
Ирански календар | 842–843 |
Исламски календар | 868–869 |
Јапонски календар | Каншо 5 (寛正5年) |
Јавански календар | 1380–1381 |
Јулијански календар | 1464 MCDLXIV |
Корејски календар | 3797 |
Мингуо-календар | 448 пред Р. Кина 民前448年 |
Нанакшахи | −4 |
Тајландски сончев календар | 2006–2007 |
Тибетски календар | 阴水羊年 (женска вода-коза) 1590 или 1209 или 437 — до — 阳木猴年 (машко дрво-мајмун) 1591 или 1210 или 438 |
1464 (MCDLXIV) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1464 година од новата ера, 464. од вториот милениум, 64. од XV век и петта од 1460-тите.
Други календари
[уреди | уреди извор]Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6972 и 6973 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6214 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5224 и 5225 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2217.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1464 година се протега во 4100 и 4101, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4160 и 4161 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2007. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 868 и 869 исламска година.
Настани
[уреди | уреди извор]Јануари-декември
[уреди | уреди извор]- 1 мај - Едвард IV тајно се венча со Елизабета Вудвил и го чува бракот во тајна 5 месеци[1].
- 15 мај - Битка кај Хексхем: Невил победуваат уште една ланкастерска војска, предводена од кралот Хенри VI и (Маргарита Анжујска. Ова го означува крајот на организираниот отпор на Ланкастер во следните неколку години.
- 11 јуни - Се потпишува 15-годишно примирје помеѓу Кралство Англија и Кралство Шкотска.
- 18 јуни - Папа Пиј II заминува за Анкона и го именува Скендербег за генерален капетан на Светата Столица. Овој план го принудува Скендербег да го раскине својот 10-годишен мировен договор со Отоманците потпишан во 1463, напаѓајќи ги нивните сили во близина на Охрид.
- 23 јуни - Кристијан I Дански и Норвешки, кој исто така служи како крал на Шведска, се прогласува за отфрлен од вториот престол. Неговиот соборен претходник Карл VIII Шведски е повторно избран на престолот на 9 август.
- 30 август - Папа Павле II го наследува Папа Пиј II, како 211. папа.
Непозната дата
[уреди | уреди извор]- Во Кина, мало востание се случува во внатрешната провинција на Хугуан, за време на династијата Минг; последователен бунт избувнува во Гуангси. Ова го принудува владетелот да испрати дополнителна војска за задушување на бунтот[2][3].
Родени
[уреди | уреди извор]- 23 април
- Роберт Ферфакс, англиски ренесансен композитор (п. 1521)
- Жана Француска (п. 1505)
- 6 мај - Софија Јагелонска, полска принцеза (п. 1512)
- 30 мај - Барбара фон Бранденбург, бохемиска кралица (п. 1515)
- 27 јуни - Ернст II Саксонски, архиепископ на Магдебург (1476-1513) и администратор на Халберштат (1480-1513) (п. 1513)
- 1 јули - Клара Гонзага, италијанска благородничка (п. 1503)
- непозната дата
- Несауалпили, владетел на Ацтеките (п. 1515)
Починале
[уреди | уреди извор]- јануари - Дезидерио да Сетињано, италијански вајар
- 8 март - Катерина Подебрадска, унгарска кралица (р. 1449)
- 15 мај - Хенри Бофорт, трет војвода од Самерсет (р. 1436)
- 17 мај - Томас де Рос, англиски политичар (р. 1427)
- 25 мај - Шарл I Неверски, гроф на Невер (р. 1414)
- 18 јуни - Рохир ван дер Вејден, фламански сликар
- 1 август - Козимо де Медичи, владетел на Фиренца (р. 1389)
- 11 август - Николај Кузански, германски математичар и астроном (р. 1401)
- 14 август - Папа Пиј II (р. 1405)
- 7 септември - Отон III, војвода од Померанија (р. 1444)
- 16 ноември - Јохан, маркгроф на Бранденбург (р. 1406)
- 23 ноември - Маргарита Савојска (р. 1390)
- 2 декември - Бланка II Неварска (р. 1424)
- непозната дата
- Џон Капгрејв, англиски историчар (р. 1393)
- Бернардо Роселино, италијански вајар и архитект (р. 1409)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Palmer, Alan; Palmer, Veronica (1992). The Chronology of British History. London: Century Ltd. стр. 128–131. ISBN 0-7126-5616-2.
- ↑ Bowman, John Stewart (2000). Columbia Chronologies of Asian History and Culture - Google Books. books.google.com. Columbia University Press. Посетено на 9 November 2014.
- ↑ Beck, Sanderson (2010). „Ming Empire 1368-1644 by Sanderson Beck“. san.beck.org. Посетено на 9 November 2014.