Прејди на содржината

Историја на Шведска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дел од темата Шведска

Историја на Шведска

Античка историја

Рана историја
Историја на Шведска (800-1521)

Среден век

Историја на Шведска (1523-1611)
Историја на Шведска (1523-1611)
Шведска империја
Големите северни војни
Историја на Шведска (1772–1809)
Унија Шведска-Норвешка

Модерна Шведска

Прва светска војна
Втора светска војна
Студена војна
Шведска

Портал:Шведска

Историјата на Шведска може да се следи од праисторија, односно од околу 12.000 г.п.н.е., за кога се смета дека веќе бил населен овој регион, до денес.[1]

Праисторија

[уреди | уреди извор]
Камењата во Але, Сканиа, јужна Шведска

Човекот за првпат ја населил Скандинавија во т.н. Скандинавско камено време (10000-1700 п.н.е.). Најстариот археолошки доказ е најден во Данска: се работи за камени алати кои потекнуваат од 9.500 до 9.000 г. п.н.е. Се мисли дека од тука луѓето се населувале на целиот полуостров, па и во денешна Шведска. Повеќе ископувања направиле археолозите за да заклучат дека станува збор за номади од индоевропското јазично семејство кои во овој период главно живееле на Скандинавскиот Полуостров.

По овој период следел периодот т.н. Скандинавско бронзено време (1700-500 п.н.е.). Многу ископувања покажуваат дека имало живеалишта. Поради тоа што е толку отворена на море не може да се определи точно од каде дошле овие народи во Шведска. Исто така не се препознавале точни граници меѓу племињата. Ваква била ситуацијата во Шведска сѐ до ерата на Викинзите. Не е познато точно кога и како се родило кралството Шведска, но се знаат првите кралеви што ги владееле Свеаланд (Шведска) и Јеталанд (Гетија) како целина. Шведска и Гетиа биле посебни нации, но не се знае точно од кога постојат.

Римјаните биле првите кои оставиле записи за постоењето на племиња на овие простори; во 98 г. римскиот историчар Такит пишувал за „Суионите“ кои живееле на море и биле многу силни воини и морепловци. Исто така тој напишал дека биле доста богато племе предводено од еден единствен водач и ако се здружеле со околните племиња, би претставувале голема опасност за Римското Царство. Се смета дека Тациј говорел за племињата во денешна источна Шведска (Свеаланд) околу езерото Меларен. Овие региони биле населувани од Швеѓаните (или Шведи). На југот живееле Гети во областа Јеталанд. Постојат записи за полулегендарни војни помеѓу овие две земји. Северот на Шведска (Нораланд) бил веројатно населен со Лапонци (Сами).

Викиншката ера во Шведска траела од VIII до XI век. Во овој период се смета дека Шведите ја прошириле својата држава на југ кон Јеталанд. Додека Викинзи од Норвешка и Данска патувале и освојувале на запад и југ (југозапад), Викинзите од Шведска освојувале на исток и југ (југоисток) кон Финска, балтичките земји, Русија и кон Средоземното Море. Нивниот пат преку руските реки ги донел дури до Цариград (денешен Истанбул) којшто го напаѓале и ограбувале неколкупати. Византискиот цар Теофил бил воодушевен од нивните борбени способности и ги вработувал како негова лична гарда (Вараншка гарда). Постои теорија дека викинзите кои тргнале од Шведска ја создале Русија. Во IX век шведските викигзи биле нарекувани Руси и словенските племиња ги „поканиле“ викинзите да ги управуваат и бранат од непријателот. Така станале елитни воини кои владееле и освојувале други племиња и формирале колонии.

Среден век

[уреди | уреди извор]
Средновековните ѕидини во Висби, Готланд

За време на ерата на Викинзите, Истад во Сканија и Павикен во Готланд биле најголемите градови и трговски центри. Најдени се остатоци од повеќе згради коишто претставувале бродоградилишта, пазари и др.

Св. Ансгар во 829 г. за првпат го донел христијанството, но населението се откажало од паганството дури некаде во XII век. Некаде од 1050 г. христијанството преовладува и од тогаш Шведска се смета за христијанска замја. Меѓу XII и XIV имало повеќе војни меѓу нордиските кралства, а Шведска почнала да се шири на исток во Финска, создавајќи конфликти со Русите.

Во XIV век Шведска е погодена од чума. Во 1319, Шведска и Норвешка биле соединети под водство на кралот Магнус Ериксон , а во 1397 данската кралицата Маргарета I ја соединила и Данска со што се создала Калмарскиот сојуз. Но нејзините наследници не можеле да одржат контрола во кралството, особено заради моќните шведски благородници. Данскиот крал Кристијан II се обидел по пат насила да воспостави контрола, па во 1520 наредил масакр врз шведските благородници во Стокхолм. Овој масакр само го зголемил незадоволството кај шведските благородници и на 6 јуни (шведски национален празник) во 1523 година тие го прогласиле Густав Васа за крал. Овој ден се смета за ден на основање на модерна Шведска. Густав Васа набргу потоа ќе го отфрли католицизмот и ќе започне протестантски реформи. Тој се смета за „Татко на нацијата“.

Шведско царство

[уреди | уреди извор]
Шведското царство во 1658 г.

Во XVII век Шведска се развила како една од големите сили во Европа. Ова време таа дури имала и колонијални поседи.

Во ова време Шведска претставувала најмоќната држава во северна Европа. Овој период започнува со кралот Густав II Адолф (Gustav II Adolph) и неговото успешно учество во триесетгодишната војна, сè до 1721 г. кога царството се распаднало. Статусот на Шведска како царство во ова време е главно поради економските реформи и воведувањето на протестантството од страна на Густав I.

Најуспешните години за Шведското царство биле од крајот на XVII до раниот XVIII век. Најголеми територијални проширувања Шведска имала за време на Карл X (Karl X) (1622-1660) по Роскилдскиот мировен договор во 1658 год. Сепак по долгогодишните војувања шведската економија била пред колапс и животна цел на синот на Карл Х, Карл XI (1655-1697), била да ја обнови економијата и да го врати царството на нозе. Карл XII пак, поседувал еден од најмоќните арсенали на оружје во тоа време како и моќна флота. Најголемиот непријател на Шведска овој период, Русија, иако имала поголема армија, сепак заостанувала многу во опрема и тренинг. Во Битката кај Нарва во 1700 година, Швеѓаните ја прегазиле руската војска, со што практично започнала Големата северна војна. Преамбициозните Швеѓани започнале поход во Русија што завршила со победа на руската војска во одлучувачката битка кај Полтава (1709). Походот имал одличен почеток за Карл ХII. Тој успеал да ја окупира денешна Полска и да се прогласи за крал на тој регион. Но честите напади на Козаците, убиствената руска клима, како и борбените тактики на царот Петар Велики довеле до пораз во Битката кај Полтава. Овој пораз значел и почеток на крајот на Шведското царство.

Иако Шведска изгубила речиси половина од својата армија во овој поход, Кралот Карл ХII сепак се обидел да ја освои Норвешка во 1716, по што шведската армија била прегазена, а Шведска приморана да го потпише мировниот договор во Нистад, со што ја загубила војната во 1721 год. Три години пред тоа (30 ноември, 1718), кралот бил убиен на бојното поле. Територијалните загуби јасно ја тргнале Шведска од списокот на големите сили на Европа, а Шведска го изгубила и приматот во северна Европа, препуштајќи ѝ го на Русија. Со тоа Шведска на некој начин ѝ овозможила на Русија да се претвори во голема сила.

За Карл ХII се вели дека „не можел да се повлече“, само да напаѓа или да губи (умира). Истото важи и за неговите војници. Во шведските тактики од тоа време, повлекувањето воопшто не било ставано на дневен ред, имале само две опции, да освојуваат земја или да се борат од каде што се ситуирани.

Во XVIII век, Шведска не била доволно моќна за да ги задржи териториите вон Скандинавскиот Полуостров, па поголем дел од нив биле загубени, а сето тоа кулминирало со загубата на земјата нарекувана „Источна Земја“, Естерланд и источните делови од Норланд кои биле припоени кон Русија: овие територии ја основале полуавтономната Финска.

Откако Данска-Норвешка била поразена во Наполеоновите војни, Норвешка била припоена кон Шведска на 14 јануари, 1814 год. по договорот во Кил. Норвешките обиди за независност биле одбиени од страна на Карл ХIII. Тој организирал воен поход против Норвежаните на 27 јули, 1814 год. којашто завршила со Конвенцијата во Мос, којашто предвидела Норвешка да биде во личен сојуз со Шведска. Овој сојуз не бил раскинат сѐ до 1905 год. Овој поход од 1814 претставува и последна војна во која Шведска учествувала како борец.

Прва светска војна

[уреди | уреди извор]

Втора светска војна

[уреди | уреди извор]

Шведска од 1945 до 1967

[уреди | уреди извор]

Шведска денес

[уреди | уреди извор]
  1. „History of Sweden – more than Vikings | Official site of Sweden“. sweden.se (англиски). 2015-12-03. Посетено на 2020-03-31.